Мост Ататурк - Истанбул

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мост Ататурк)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мост Ататурк
Atatürk Köprüsü
.Atatürk Bridge, 30 April 2012.jpg
Поглед кон мостот Ататурк од кулата Галата
Координати41°01′27.1″N 28°57′55.1″E / 41.024194° СГШ; 28.965306° ИГД / 41.024194; 28.965306Координати: 41°01′27.1″N 28°57′55.1″E / 41.024194° СГШ; 28.965306° ИГД / 41.024194; 28.965306
Носи3 коловозни ленти и тротоар во секоја насока
МинуваЗлатен Рог
МестоФатихБејоглу, Истанбул, Турција
Официјален називAtatürk Köprüsü
Други називиМост Ататурк
Мост Ункапани
СопственикГрд Истанбул
Особености
Вк. должина477 м (1,565 ст)
Ширина25 м (82 ст)
Историја
Почнат1936
Завршен1940
Замена заТрет мост (1912–1936)
Втор мост (1875–1912)
Прв мост (1836–1875)

Мост Ататурк или мост Ункапани — мост кој се наоѓа во Истанбул, Турција. Мостот е именува по Мустафа Кемал Ататурк, основач и прв претседател на Република Турција.

Првично бил завршен во 1836 година, и наречен мост Хејратие. Овој мост ги поврзувал Ункапани и Азапкапи. Изградбата на мостот Хејратие бил наредена од османлискиот султан Махмуд II и надгледувана од Ахмед Феви-Паша, заменик-адмирал на Османлиската флота. На отворањето лично присуствувал султанот Махмуд во 1836 година, кој го преминал мостот на неговиот коњ. Оригиналниот мост бил долг околу 400 метри и широк 10 метри.

Во 1875 година тој бил заменет со втор мост, направен од железо и изграден од француска компанија по цена од 135.000 османлиски златни лири. Должината била долга 480 метри и ширина 18 метри, а останал во служба помеѓу 1875 и 1912 година, кога бил срушен.

Во 1912 година, блискиот мост Галата бил расклопен и повторно се отворило место за изградба на урнатиот мост Хејратие, станувајќи трет мост на оваа локација. Се користел до 1936 година, кога бил оштетен од невреме.

Денешниот (четврт) мост на оваа локација бил изграден помеѓу 1936 и 1940 година, а стапил во служба во 1940 година под денешното име. Мостот е долг 477 метри и широк 25 метри.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]