Милош Билбија
Милош Билбија | ||
Роден | 26 февруари 1948 Босанско Грахово, Босна и Херцеговина | |
---|---|---|
Починал | 21 април 2010 Скопје, Македонија | |
Занимање | археолог |
Милош Билбија (Босна и Херцеговина, 26 февруари 1948 - Скопје, 21 април 2010) бил виден македонски археолог, долгогодишен истражувач на праисторијата, најпознат како пронаоѓач на познатата неолитска скулптура Адам од Говрлево.
Животопис
[уреди | уреди извор]Билбија е роден на 26 февруари 1948 година во Босанско Грахово, во Босна и Херцеговина, а дипломирал во 1973 година на Филозофскиот факултет во Белград на Катедрата за археологија. Работел во Музејот на Град Скопје, како виш кустос во Одделението за археологија, а во неговата богата професионална биографија остануваат забележани систематските археолошки истражувања на неолитските и металодобните култури во Скопската Котлина, на наоѓалиштата Скупи, Чрне - Маркови Кули во Скопје, Говрлево, во Матка - Михајлова Пештера, во истражувањата на праисторијата во Славонија, Хрватска, во наоѓалиштето Церје во Словенија и други. Билбија бил член на Македонското археолошко научно друштво. По тешко боледување починал во Скопје на 21 април 2010 година.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ПОСЛЕДЕН ЗБОР Милош Билбија 1948 -2010, археолог“. Утрински Весник. 23 април 2010, 17:53. Посетено на 2011-12-06. Проверете ги датумските вредности во:
|date=
(help)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Милош Билбија и Адам од Говрлево[мртва врска] (Утрински Весник, 12 април 2011)