Мигел де Унамуно

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мигел де Унамуно (шпански: Miguel de Unamuno) (29 септември 1864, Билбао, Шпанија - 31 декември 1936, Саламанка, Шпанија) - шпански писател и филозоф.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мигел де Унамуно во 1925 година

Мигел де Унамуно бил ректор на Универзитетот во Саламанка. Разочаран од Републиката, најпрвин го поддржал генералот Франко, но подоцна, како реакција на многубројните убиства, меѓу кои и на неговиот пријател Федерико Гарсија Лорка, тој почнал да ги критикува монархистите. Така, како реакција на нападите врз Каталонците и Баските, де Унамуно одржал говор против идеите на националистите, а само присуството на сопругата на генералот Франко го спасила од веројатниот линч. Оттука, генералот Франко побарал да се ликвидира де Унамуно, но не го сторил то апоради големата меѓународна слава на писателот, како и поради жестоките реакции на меѓународната јавност по повод убиството на Лорка.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Споменикот на Унамуно во Саламанка

Мигел де Унамуно е автор не повеќе прозни, поетски и филозофски дела, од кои најважни се:[2]

  • Мир за време на војна
  • Љубов и педагогија
  • Магла
  • Авел Санчес: приказна за една страст
  • Агонијата на христијанството
  • Трагично чувствување на животот

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мигел де Унамуно, Магла. Скопје: Бегемот, 2016.
  2. Мигел де Унамуно, Магла. Скопје: Бегемот, 2016.