Меланхолија (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Меланхолија (англиски: Melancholia) e филм од 2011 година, во режија на Ларс фон Трир (Lars von Trier), кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги играат: Кирстен Данст (Kirsten Dunst), Шарлот Гејнзнбур (Charlotte Gainsbourg), Кифер Сатерленд (Kiefer Sutherland), Александер Скарсгард (Alexander Skarsgård) итн. Во филмот е користена музика од оператаТристан и Изолда“ на Рихард Вагнер. Филмот трае 130 минути. Филмот има освоено 41 награда, а покрај тоа имал уште 57 други номинации: Во 2011 година, Кирстен Данст ја добила наградата за најдобра глумица на Канскиот филмски фестивал, а Ларс фон Трир бил номиниран за „Златната палма“; Истата година, на Европските филмски награди, филмот победил во три категориите (најдобар филм, најдобар кинематографер и најдобар продукциски дизајнер), а бил номиниран уште во неколку категории (најдобра глумица, најдобар режисер, најдобар уредник и најдобро сценарио).[1]

Првиот пристап на Меланхолија и последниот судир со Земјата, како што е опишано (и накратко прикажано на сличен дијаграм) во филмот.

Содржина[уреди | уреди извор]

Во еден дворец се одвива свадбата на Џастин (ја игра Данст), која цело време е нерасположена и на крајот, таа паѓа во тешка депресија, поради која зетот Мајкл (го игра Скарсгард) ја напушта свадбата. За време на свадбената церемонија, Џастин добива унапредување во работата, но подоцна, таа му кажува навредливи зборови на својот шеф, така што добива отказ. По завршувањето на свадбената церемонија, Џастин останува уште некое време во дворецот, заедно со сестра ѝ Клер (ја игра Гејнзбург), нејзиниот маж Џон (го игра Сатерленд) и детето. Тие денови, покрај Земјата треба да помине планетата „Меланхолија“ и сестрата на Џастин е уплашена од помислата дека двете планети би можеле да се судрат. Нејзиниот маж цело време ја теши жена си, уверувајќи ја во точните пресметки на научниците. Сепак, кога ќе стане јасно дека „Меланхолија“ ќе удри во Земјата, тој извршува самоубиство, а двете сестри и детето остануваат заедно да го дочекаат крајот на светот. Во тие моменти, единствено Џастин останува рамнодушна, сметајќи дека светот не заслужува подобар крај.[2][3][4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. IMDB, Melancholia (2011) (пристапено на 27.10.2014)
  2. Антена, број 824, 11.4.2014, стр. 22.
  3. „Чекајќи го крајот на светот“, Антена, број 870, 27.2.2015, стр. 3.
  4. „Меланхолија“, Антена, број 884, 5.6.2015, стр. 21.