Прејди на содржината

Мајкл Серафинов

Од Википедија — слободната енциклопедија

Мајкл Серафинов (англиски: Michael Seraphinoff; Детроит, Мичиген, САД, 2 декември 1946) — американски славист, писател и преведувач од македонско потекло.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Серафинов е роден во американската држава Мичиген во Детроит на 2 декември 1946 година. По таткова линија, тој има македонско и романско потекло, а по мајчина линија потекнува од првите англиски и швајцарско-германски доселеници, каде што се замешала и индијанската нишка. Тој како внук на иселеник од село Непроштено, тетовско (1911), рано пројавува интерес за традицијата, јазикот, литературата, културата и историјата на Македонија и Македонците. По завршувањето на Државниот универзитет во Мичиген во 1969, магистрира на славистичка тема на Универзитетот Вашингтон во Сиетл во 1987 и докторира на истиот универзитет со темата „Македонската преродба од XIX век. Студија за животот и делото на Кирил Пејчиновиќ“ во 1993 година[1]. Предавал на Катедрата за словенски јазици и литератури на Универзитот Вашингтон во Сиетл и на Skagit Valley College од 1987 па до 1997 година, во Ленгли и Оук Харбор, на Државниот универзтет Академгородок (1993) во Новосибирск, Русија и на други високи школи во САД и Велика Британија. Активист на Обединетата македонска дијаспора и на Македонското меѓународно движење за човекови права. Живее и работи во сојузната држава Вашингтон. Тој е голем критичар на албанскиот ектремизам во Македонија[2].

Библиографија

[уреди | уреди извор]

Учесник е на меѓународни научни собири и автор на повеќе статии и есеи, раскази и романот „Македонско злато“ и на преводи на англиски и македонски.

Авторски
  • The 19th Century Macedonian Awakening, a study of the live and works of Kiril Pejchinovich, Lanham–New York–London, 1996;
  • Macedonian Gold, Sydney, 2005.
  • This Land We Do Not Give by Michael Seraphinoff and Chris Stefou Original work, Nonfiction Paperback, 270 pages
Позначајни преводи
  • Silyan the Stork (Силјан штркот)
  • Some Great Old Storieѕ From the Old Country – Macedonia, Translated, illustrated by Michael Seraphinoff, Paperback, 31 pages
  • The Legend of Kalesh Andja; A novel by Stale Popov, Translated by Michael Seraphinoff, Paperback, 200 pages
  • A Passage through the Fog; A novel by Misho Yuzmeski, Translated by Michael Seraphinoff, Paperback, 163 pages [3]
  1. Тоевски, Свето. „АМЕРИКАНЕЦ СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО ЖИВОТОТ И ТВОРЕШТВОТО _ ГО ПОСВЕТИЛ НА БАЛКАНСКАТА ВЕТЕНА ЗЕМЈА“. Вест. Архивирано од изворникот на 2015-04-02. Посетено на 2009-11-02.
  2. „Според студијата на Мајкл Серафинов, професор по словенски јазици во Вашингтон - „Албанците извршија етничко чистење во западниот дел на Македонија ". Утрински Весник. 16 октомври 2006. Посетено на 2009-11-02.[мртва врска]
  3. НУБ „Григор Прличев“ ја издаде „Премин во маглата“ на англиски јазик

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]