Мачадо де Асис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Мачадо де Асис (португалски: Machado de Assis) (21 јуни 1839, Рио де Жанеиро, Бразил - 29 септември 1908, Рио де Жанеиро, Бразил) - бразилски писател.

Биографија[уреди | уреди извор]

Мачадо де Асис.

Мачадо де Асис бил Мулат по татко, така што целиот живот го носел товарот на своето потекло и се обидувал да избега од сиромаштијата и да се искачи во повисоките општествени слоеви, во што успеал.[1]

Творештво[уреди | уреди извор]

Мачадо де Асис отворил нови хоризонти во бразилската книжевност, свртувајќи се кон домашните теми и отфрлајќи го влијанието на португалската и на француската книжевност. Тој е најценетиот бразилски писател, а славата ја стекнал уште додека бил жив. Така, по основањето на Академијата за литература во 1897 година, тој бил избран за нејзиниот прв претседател. Најпознати дела на де Асис се: поетската збирка „Ларви“ (1864), збирката раскази „Рака и ракавица“ (1874), романот „Елена“ (1887), романот „Посмртните спомени на Брас Куба“ (1881), романот „Кинкас Борба“ (1891), романот „Дон Немтурот“ (1899) итн.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 284.
  2. Антoлогија на бразилскиот расказ, Три, Скопје, 2012, стр. 284.