Маска (Милош Црњански)

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Маска: поетична комедија“ — драма во стихови на српскиот писател Милош Црњански.

Ликови[уреди | уреди извор]

Во драмата се појавуваат следниве ликови (комедијанти):[1]

Содржина[уреди | уреди извор]

Генералицата приредува забава со маски на која учествуваат бројни угледни гости. Нејзиниот внук, Чезар ѝ ја изјавува својата голема љубов на глумицата, која е решена да ја прекине љубовната врска со неа, а тој се заканува дека ќе ја убие. Генералицата, пак, одржува љубовна врска со Стратимировиќ, но тој ја обвинува дека таа има и други љубовници. На забавата присуствува и Бранко Радичевиќ, кој е болен од туберкулоза поради што е убеден дека наскоро ќе умре. Привлечена од неговата младост и исплашена од староста, генералицата му ја нуди својата љубов, но тој ја одбива, зашто е разочаран од животот. Генералицата флертува со слугата Жан, а тоа го гледа Чезар, кој побеснува од глетката и се онесвестува. Кога се освестува, нему му приоѓа жена во маска, облечена како глумицата, која го преколнува да ја минат ноќта заедно, а тој, пак, мислејќи дека таа е глумицата, ја кани да заминат некаде далеку и да се венчаат. Кога случајно ѝ ја потргнува маската, Чезар открива дека таа е, всушност, генералицата, го зема револверот и се убива.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973, стр. 131.
  2. Miloš Crnjanski, Priče o muškom. Beograd: BIGZ, 1973, стр. 135-186.