Марќин Гортат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Марќин Гортат
Гортат со екипата на Вашингтон во 2017
број 13 – Вашингтон Визардс
центар
Лични информации
Роден на17 февруари 1984(1984-02-17)(40 г.)
Лоѓ, Полска
НационалностПолјак
Височина6 ст 11 ин (2.11 м)
Тежина240 lb (109 kg)
Информации за кариера
НБА драфт2005 / Круг: 2 / Избор: 57-ми вкупно
Одбран од Феникс Санс
Професионална кариера2003–сѐ уште
ЛигаНБА
Историја на кариера
2002–2003КК Лоѓ
2003–2007КК Келн
2007–2010Орландо Меџик
2007Анахејм Арсенал
2010–2012Феникс Санс
2013–сѐ уштеВашингтон Визардс
Значајни моменти од кариерата и награди
Статистика на NBA.com

Марќин Јануш Гортат (полски: Marcin Janusz Gortat; 17 февруари 1984 во Лоѓ) — полски професионален кошаркар кој настапува за екипата на Вашингтон Визардс во НБА. Марќин е син на боксерот Јануш Гортат. Бил избран како 57. пик од страна на Феникс Санс на драфтот во 2005 година. Со своите 2.11 метри висина игра на позицијата центар. Своето деби во НБА го имал во сезоната 2007–08 за екипата на Орландо Меџик, во чии редови настапувал четири сезони и во 2009 стигнал до финалето на НБА, каде Орландо загубиле од ЛА Лејкерс.

Во декември 2010 бил разменет со екипата на Феникс, каде настапувал во почетната петорка и забележал подобри партии.[1] Се здобил со повреда во ноември 2012 и тоа го принудило да го пропушти остатокот од сезоната 2012–13. Во октомври 2013 Феникс го испратиле Гортат во екипата на Вашингтон Визардс, а по истекот на сезоната 2013–14 Гортат потпишал нов договор со Вашингтон во вредност од 60 милиони долари за пет сезони.[2] Гортат настапил за кошаркарската репрезентација на Полска на пет европски првенства, но не остварил некои позначајни резултати.

НБА статистика[уреди | уреди извор]

Легенда
  ОН Одиграно натпревари   СН  Натпревари како стартер  МПН  Минути по натпревари
 ПШИ%  Процент на шут од игра  3П%  Процент на шут за три бода  СФ%  Процент на шут за слободни фрлања
 СкПН  Скокови по натпревар  AсПН  Асистенции по натпревар  УТПН  Украдени топки по натпревар
 БлПН  Блокади по натпревар  ППН  Поени по натпревар  Задебелено  Најдобро во кариерата

Регуларен дел[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2007–08 Орландо 6 0 6.8 .471 .000 .667 2.7 .3 .2 .2 3.0
2008–09 Орландо 63 3 12.6 .569 1.000 .578 4.6 .2 .3 .8 3.8
2009–10 Орландо 81 0 13.4 .533 .000 .680 4.2 .2 .2 .9 3.6
2010–11 Орландо 25 2 15.8 .543 .000 .667 4.7 .7 .3 .8 4.0
2010–11 Феникс 55 12 29.7 .563 .250 .731 9.3 1.0 .5 1.3 13.0
2011–12 Феникс 66 66 32.0 .555 .000 .649 10.0 .9 .7 1.5 15.4
2012–13 Феникс 61 61 30.8 .521 .000 .652 8.5 1.2 .7 1.6 11.1
2013–14 Вашингтон 81 80 32.8 .542 1.000 .686 9.5 1.7 .5 1.5 13.2
2014–15 Вашингтон 82 82 29.9 .566 .000 .703 8.7 1.2 .6 1.3 12.2
2015–16 Вашингтон 75 74 30.1 .567 .000 .705 9.9 1.4 .6 1.3 13.5
2016–17 Вашингтон 82 82 31.2 .579 .000 .648 10.3 1.5 .5 .8 10.8
Просек 677 462 26.4 .556 .150 .679 8.2 1.0 .5 1.2 10.4

Разигрување[уреди | уреди извор]

Година Екипа ОН СН МПН ПШИ 3П% СФ% СкПН АсПН УТПН БлПН ППН
2008 Орландо 8 0 6.0 .833 .000 .000 1.0 .0 .0 .5 1.3
2009 Орландо 24 1 11.3 .654 .000 .625 3.2 .1 .4 .6 3.3
2010 Орландо 14 0 15.1 .654 .000 .727 4.4 .6 .2 .3 3.0
2014 Вашингтон 11 11 34.7 .429 .000 .659 9.9 1.5 .5 1.4 13.0
2015 Вашингтон 10 10 30.7 .628 .000 .667 8.8 2.2 .6 1.1 12.4
Просек 67 22 18.2 .583 .000 .663 5.1 .7 .3 .7 5.9

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Suns, Magic Complete Six-Player Trade“. NBA.com. 2010-12-18. Посетено на 2010-12-18.
  2. „Gortat re-signs with Wizards for five years, $60 million“. NBA.com. Turner Sports Interactive, Inc. July 10, 2014. Посетено на July 10, 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]