Мартин Халер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мартин Халер
Allers, Christian Wilhelm - Rathausbaumeister Detail Martin Haller - Hamburger Kunsthalle.jpg
цртање од Кристијан Вилхелм Аллерс, околу 1894 година
Роден(а)декември 1, 1835(1835-12-01)
Хамбург
Починал(а)мај 26, 1925(1925-05-26) (возр. 89)
Хамбург
НационалностГерманец
ЗданијаГрадски дом на Хамбург
Лајсцхале

Мартин Емил Фердинанд Халер (1835–1925) бил германски архитект, кој го проектирал Градскиот дом на Хамбург и зградата на генералниот конзулат на САД во Хамбург и член на хамбуршкиот парламент.

Ран живот и семејство[уреди | уреди извор]

Халер е роден на 1 декември 1835 во Хамбург.Неговиот татко бил правникот Фердинанд Халер (1805–1876), градоначалник на Хамбург. Мајката на Халер, Адел, била Еврејка, ќерка на Амшел Опенхајмер. Халер ја посетувал гимназијата Gelehrtenschule des Johanneums до 1855. Халер студирал архитектура во Потсдам, Берлин, Париз и Англија.[1]

Во 1865, Халер се оженил со Антони (порано Шрам, 1846–1925) и имал син Фердинанд (1871–1963), кој бил заменик директор на HAPAG и три ќерки, Антони, Мари и Елен.[1]

Халер умрел на 26 мај 1925 во Хамбург.[1]

Кариера во Хамбург[уреди | уреди извор]

Во 1861, Халер се вратил во Хамбург и отворил биро. Тој бил 10 години претседател на професионалната организација на архитекти и член на Хамбуршкиот парламент 14 години. Во 1880, Халер и 8 други архитекти основале синдикат и му презентирале на Сенатот на Хамбург нова верзија за Градскиот дом на Хамбург. Во 1886, изградбата почнала.[1]

Халер планирал повеќе од 562 градежни проекти.[1]

Влијание[уреди | уреди извор]

A portal with the front of two elephants beside the door.
Afrikahaus изграден од 1900–01, во 2004.
A multi-storey office building in front of a waterbody.
Канцелариската зграда на HAPAG, изградена 1901–03, пред самото езеро Биненалстер, во 2006.

Халер бил под влијание на Шарл Гарние, архитект на Париската опера; Готфрид Земпер и италијанската висока ренесанса. Тој не го сакал движењето сецесија.[1]

Избрани дела[уреди | уреди извор]

Почести[уреди | уреди извор]

Градот Хамбург му оддал почест на Хале со улицата Hallerstraße (Халерштрасе). 53°34′21″N 9°59′20″E / 53.57250° N; 9.98889° E / 53.57250; 9.98889

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 1,4 1,5 Hans-Jürgen Brandt (1966), „Haller, Martin“, Neue Deutsche Biographie (германски), Berlin, Band 7: 553–554

Надворешни врски[уреди | уреди извор]