Маргарет Мичел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Маргарет Мичел
Margaret Mitchell NYWTS.jpg
Мичел во 1941 г.
Роден/аМаргарет Манерлин Мичел
8 ноември 1900(1900-11-08)
Атланта, Џорџија,  САД
Починат/а16 август 1949(1949-08-16) (воз. 48 г.)
Атланта, Џорџија,  САД
Почивалиштегробишта Оукленд во Атланта
ПсевдонимПеги Мичел
Занимањеновинар, романописец
ОбразованиеСмит Колеџ[1]
Жанрљубовни романи, историска проза
Значајни делаОдвеано со виорот
Значајни наградиПулицерова награда за книжевно дело (1937)
Национална книжевна награда (1936)
Сопруг/аБериен Кинард Апшо (1922–1924; разведена) Џон Роберт Марш (1925–1949 вдовица)

Потпис

Маргарет Минерлин Мичел (8 ноември 190016 август 1949)[2] — писателка и новинар од САД која пишувала под псевдонимот Пеги Мичел. Додека живеела, објавен е единствено нејзиниот роман „Одвеано со виорот“. За овој роман Мичел добила Национална книжевна награда за најистакнат роман во 1936 година[3] и Пулицерова награда за книжевно дело во 1937 година. Неодамна, објавена е збирка на Мичел со записи од детството и роман кој го напишала кога била тинејџерка. Збирка на статии напишани од страна на Мичел за Атлантскиот весник (Atlanta Journal) била реиздадена како книга.

Семејна историја[уреди | уреди извор]

Маргарет Мичел била од југот на Америка и целиот живот го поминала во Атланта, Џорџија. Таа е родена во 1900 година во богато и политички истакнато семејство. Нејзиниот татко, Јуџин Мјуз Мичел, бил адвокат, а нејзината мајка, Мери Изабел „Меј Бел“ Стивенс, исто така адвокат, била борец за женски права. Маргарет Мичел имала двајца браќа, Расел Стивенс Мичел, кој починал уште како новороденче во 1894 година, и Александар Стивенс Мичел, роден во 1896 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. "Notable Alumnae - Smith College". www.smith.edu. 
  2. Margaret Mitchell | American novelist“, „Encyclopedia Britannica“. (на en)
  3. "5 Honors Awarded on the Year's Books: ...", The New York Times, Feb 26, 1937, page 23. ProQuest Historical Newspapers The New York Times (1851–2007).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]