Прејди на содржината

Мала Река (Трговиште)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Мала Река
Земја Србија
ОкругПчињски
ОпштинаТрговиште
Население (2011)
 • Вкупно17
Час. појасCET (UTC+1)
 • Лето (ЛСВ)CEST (UTC+2)

Мала Река (српски: Мала Река) — село во Општина Трговиште на Пчињскиот Округ, јужна Србија.

Историја

[уреди | уреди извор]

На крајот од XIX век Мала Река било село во Прешевската каза на Отоманското Царство. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Мала Река имала 70 жители, сите Македонци христијани.[1][2] Населението било под удар на српската пропаганда, па според митрополитот Фирмилијан во 1902 г. во Мала Река имало 15 патријаршистички куќи кои тој ги нарекува „српски“.[3] По податоци на секреатарот на Бугарската егзархија Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Мала Река (Mala-Reka) имало 96 Македонци под патријаршијата, кои пак тој ги нарекува „гркомани“ (поради црковната припадност).[4]

Во 2011 г. селото имало 17 жители, сите Срби.

Население

[уреди | уреди извор]
  • 1948: 80
  • 1953: 78
  • 1961: 71
  • 1971: 48
  • 1981: 38
  • 1991: 31
  • 2002: 21
  • 2011: 17
  1. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  2. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 219. ISBN 954430424X.
  3. Извештај од скопскиот митрополит за бројот на куќи под негово водство, 1902 г.
  4. Brancoff, D.M. "La Macedoine et sa Population Chretienne". Paris, 1905, рр. 144-145.