Прејди на содржината

Трговиште (Србија)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Оваа статија е за Трговиште во Србија. За останати места со називот Трговиште, видете Трговиште (појаснување)

Трговиште
Трговиште
Гратче
Пчиња низ Трговиште
Пчиња низ Трговиште
Грб на Трговиште
Трговиште is located in Србија
Трговиште
Трговиште
Местоположба на Трговиште во Србија
Координати: 42°21′31″N 22°04′34″E / 42.35861°N 22.07611°E / 42.35861; 22.07611
ДржаваСрбија
ОкругПчињски
ОпштинаТрговиште
Надм. вис.&10000000000000877000000877 м
Население (2022)
  Вкупно1,711
Час. појасUTC+1
  Лето (ЛСВ)UTC+2 (UTC)
Поштенски број17525
Повикувачки број+381(0)17
Рег. таб.VR
Мреж. местоtrgoviste.rs

Трговиштегратче и седиштето на истоимената општина во Пчињскиот Управен Округ во Србија. Лежи на реката Пчиња. Според пописот од 2022 година, во Трговиште има 1.711 жители.

Географија

[уреди | уреди извор]

Во традиционален поглед, територијата на општината приближно се совпаѓа со традиционалната област Горна Пчиња и била дел од северниот дел на поширока Македонија. Општината се граничи со општините Босилеград, Врање, Бујановац и соседната држава Македонија во должина од 47 км.

Надморската височина се движи од 805 метри (во Трговиште), до 1.825 метри на Големи Врх (планината Бела Вода). Земјата има планински карактер и се состои од планини: Бела Вода, Зладовачка Планина, Лесничка Планина, Копљача и Петрова Гора. Реки во Општината Трговиште се: Трипужница, Козједолска, Лесничка Река и Пчиња.


Население

[уреди | уреди извор]

Во Трговиште живеат 1,413 возрасни лица, а просечната возраст на населението е 37,5 години (36,9 за мажи и 38,1 за жени).

Оваа населено место е претежно населено со словенското население кое зборува торлачки и смета се за српско (според пописот од 2002 година), и забележан е пад на населението.

Население во минатото
ГодинаНас.±% год.
194815.368    
195315.578+0.27%
196114.404−0.97%
197112.556−1.36%
19818.923−3.36%
19917.146−2.20%
20026.372−1.04%
20115.091−2.46%
Извор: [1]

Како дел од традиционална Македонија, селата во оваа општина во минатото биле претежно македонски. Дел од населението се иселило понајуг, во денешниот Североисточен Регион на Р. Македонија. По Втората светска војна, бројот на жители на општината бил над 15.000, но оттогаш трае процесот на економско селење на населението во поразвиените области. Денес во општината живеат нешто помалку од 5.000 луѓе.

Економија

[уреди | уреди извор]

Трговиште е еден од најмалку развиените градови во Република Србија. Тговиште е далеку од главните железнички патишта, а независноста на Република Македонија и создавањето на физичка државна граница имало особено неповолно влијание на оваа област. Во средината на 1980-тите, биле изградени погоните на „Симпо“ (160 работници), „Јумко“ (400 работници) и „Коштана“ (400 работници). Од нив до денес опстанал само погонот на „Симпо“.

Галерија

[уреди | уреди извор]

Познати личности

[уреди | уреди извор]
  • Крсто Ковачев Трговишки — србомански четнички војвода
  1. „2011 Census of Population, Households and Dwellings in the Republic of Serbia“ (PDF). stat.gov.rs. Statistical Office of the Republic of Serbia. Посетено на 11 January 2017.

Литература

[уреди | уреди извор]
  • Становништво, упоредни преглед броја становника 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 2003, подаци по насељима. Подгорица: Републички завод за статистику. септембар 2005. COBISS-ID 8764176. Проверете ги датумските вредности во: |date= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]