Македонски полк (1759)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Документ за Македонскиот полк, од националниот историски архив на Украина, во кој неговите припадници се изјаснуваат како припадници на македонската нација

Македонски полк (1759 - 1773) — полк на Руската царска армија во Украина составен од Македонци.[1]

Полкот бил формиран од страна на мајорот Симеон Пишчевиќ а по наредба на руската царица Елисавета Петровна на 10 мај 1759 година. Официјалното именување на полкот било „МакедонскиŸ гусарскиŸ полевиŸ полкÍ“, под команда на генералот Иван Хорват. Подоцна командант на полкот станал Александар Димитров.

Полкот бил составен од околу 4.000 луѓе, располагал со свој печат, со посебна униформа (палто и жолти панталони, прошарани со црни гајтани, црвена капа), со македонски грб и амблем со штит со две вкрстени копја. До 1776 г. полкот имал грб со амблем на лав, земен од делото „Стематографија“ на Христофор Жефарович. Полкот и четите имале и посебни знамиња.

Во 1773 г. со указ донесен на 28 јуни, биле укинати народносните имиња на полковите и биле преименувани според градовите. Македонскиот полк бил именуван како Александриски полк.

Полкот бил пофалуван и наградуван од цариците Елисавета Петровна и Екатерина II. Неколку офицери од македонскиот полк добиле генералски чинови во руската армија.

По неуспехот на востанието и набивањето на кол на водачот Карпош на Камениот мост во Скопје, голем број на востаници и останато цивилно македонско население (претежно од североисточниот дел на Македонија) под водство на владиката Арсение Чарноевиќ најпрвин пребегнало во Војводина. Подоцна поради силните притисоци на Австријците за германизација на ова македонско население, тие пребегнале во Царството Русија и се населиле на подрачјето на денешна Украина.

Со самото пристигнување голем број од нив стапиле во редовите на руската царска армија поради што бил созададен посебен полк со назив „Македонски полк“ кој учествувал во повеќе подоцнежни војни водени од Царска Русија. Војниците (Македонци) од Македонскиот Полк се одликувале голема храброст и воинственост и во битките често биле праќани во првите борбени редови како јуришници заедно со храбрите Козаци.

Особено е интересно што припадниците на Македонскиот полк што имале силна македонска национална свест за својата национална припадност и себеси се сметале за Македонци и при своето пристигнување во Русија се изјаснувале дека се дел од македонската нација за што сведочат повеќе документи кои се чуваат во националниот историски архив на Украина во Киев (види слика).

Бугарски ставови[уреди | уреди извор]

Според бугарските научници, Македонците во полкот биле Бугари, за што наведуваат дела напишани по создавањето на бугарската национална свест и ширењето на сопствената пропаганда за македонскиот народ во Русија. Така, тие ги наведуваат делата „Хронологическій указатель матеріалов для исторіи инородцев Европейской Россіи“ (1861),[2] Рускиот биографски речник [3] и делото „Переселение Болгар и Сербов в Россию во время Петра Великого и его наследников“,[4] каде се тврди дека поимот „Македонци“ има регионална, а не етничка смисла. Сите овие дела се напишани многу подоцна, под силно влијание на самите бугарски мислители.

Список на припадници на македонскиот полк[уреди | уреди извор]

Р. бр. Име и презиме (македонска кирилица) Име и презиме (украинска / руска кирилица)
1 Георѓа Петров Георгя Петровъ
2 Панајот Костјантин Панайотъ Костятинъ
3 Анто Добринов АнтѠ(Анто) Добриновъ
4 Иван Хомецкој Иванъ Хомецкой
5 Тодор Васиљјев Тодоръ Васильевъ
6 Иван Ангелов Иванъ Ангеловъ
7 Степан Андрејев Степанъ АндрѢевъ (Андреевъ)
8 Николај Иљина Николай Ильина
9 Иван Хорољ Иванъ Хороль
10 Михаил Свиридов Михаилъ Свиридовъ
11 Иван Иљина Иванъ Ильина
12 Христофор Миокромниј Христофоръ Миокромний
13 Иван Широјевској Иванъ Широевской
14 Сава Мокрејев Сава МокрѢевъ
15 Костентин Ангелов Костентинъ Ангеловъ
16 Дмитриј Федотов Дмитрий ѲедѠтовъ (Федотовъ)
17 Иван Петров Иванъ Петровъ
18 Фјодор Степанов Ѳеодор (Фёдор) Степановъ
19 Степан Костентин Степанъ Костентинъ
20 Моисеј Костентин Моисей Костентинъ
21 Иван Батури Иванъ Батѹри (Батури)
22 Петр Бханов Петръ Бхановъ
23 Матвеја Такарев Матвея Такаревъ
24 Ќарјала Небрикаев Кяряла Небрикаевъ
25 Данило Сухомлинов Данило Сухомлиновъ
26 Иоан Хулиенко Иоанъ Хѹлиенко (Хулиенко)
27 Демјан Чрњагорцев Демянъ Чрнягорцевъ
28 Роман Усјаков Романъ Усяковъ
29 Тјамофеја Усјаков ТямоѲея (Тямофея) Усяковъ
30 Василеј Михаилов Василей Михаиловъ
31 Гаврил Михаило Гаврилъ Михаило
32 Грјагорја Михаило Грягоря Михаило
33 Фјодор Орловској ѲедѠр (Фёдор) Орловской
34 Семен Антонов Семенъ АнтѠновъ (Антоновъ)
35 Прокофеја Андрејев Прокофея АндрѢевъ
36 Тома Маноилов Тома Маноиловъ
37 Игнат Волошенко Игнатъ Волошенко
38 Никодим Пишеја Никодимъ Пишея
39 Леонтија Семенов Леонтия Семеновъ
40 Ерја Фјодоров Еря ѲедѠрѠвъ (Фёдоровъ)
41 Јаманди Јанаки Яманди Янаки
42 Иван Симионов Иванъ Симионовъ
43 Георѓа Афанасиев Георгя АѲанасиевъ (Афанасиевъ)
44 Георѓа Дмитриев Георгя Дмитриевъ

Референци[уреди | уреди извор]

  1. Александар Матковски, Македонскиот полк во Украина, Скопје, 1985.
  2. види стр. 59.
  3. Статија од Рускиот биографски речник
  4. Преселба на Бугарите и Србите во Русија за време на Петар Велики и неговите наследници

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Факсимил од листата на македонски борци во Русија.