Луј Брај

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луј Брај
Louis Braille
refer to caption
Биста на Луј Брај од Етјен Леру во Националната библиотека на Франција
Роден(а)4 јануари 1809(1809-01-04)
Кувре, Франција
Починал(а)6 јануари 1852(1852-01-06) (возр. 43)
Париз, Франција
ПочивалиштеПантеон и Курве
Занимање
Познат(а) поБрајова азбука
РодителиМоник и Симон-Рене Брај

Луј Брај (француски: Louis Braille); (Кувре, 4 јануари 1809 - Париз, 6 јануари 1852) — професор по француски јазик кој во 1829 година го измислил системот за букви за слепите, Брајовата азбука (Брајово писмо).[1]

Луј Брај- Брајово писмо

Пишаните букви со Брајово писмо се состојат од една до шест подигнати точки, кои се читаат со допирање со врвовите од прстите. Ова писмо е приспособено така што со него може да се пишува на сите јазици.

Животопис[уреди | уреди извор]

На тригодишна возраст, Луј го повредил окото со алатка од занаетчиската работилница на неговиот татко. Поради добиената инфекција ослепел на другото око. На десетгодишна возраст, добил стипендија со помош на која се школувал на Кралскиот институт за слепи во Париз. Таму, децата учеле како да читаат релјефни букви со допир. Во тоа време, не постоел систем со кој овие деца можеле да пишуваат. На тринаесетгодишна возраст, тој измислил систем за пишување базиран на олеснителни точки.[2] Инспирација за изумот добил од полицаецот Шарл Барбије, кој измислил сличен начин на пишување за војниците кои би морале да пишуваат во мрак. Системот на Барбије имал 12 точки, а Брајовото писмо само 6 точки. Покрај тоа, Брајовото писмо било едноставно и слично на стенографскиот начин на пишување. Брај го развил така што со него можеле да се напишат математички формули и музички ноти. Подоцна станал истакнат професор на институтот. Неговиот систем на пишување и читање не се користел во образованието на слепите за време на неговиот живот.[3]

Луј Брај починал од туберкулоза. Погребан е во парискиот Пантеон.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Louis Braille : biographie courte, dates, citations“. www.linternaute.fr (француски). Посетено на 19. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Luj Braj — donosi svetlo zatočenicima tame — ONLAJN BIBLIOTEKA Watchtower“. wol.jw.org. Посетено на 19. 2. 2020. no-break space character во |title= во положба 11 (help); Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  3. „Louis Braille et l'alphabet braille“. SNOF (француски). 12. 1. 2012. Посетено на 19. 2. 2020. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate=, |date= (help)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]