Лук Скајвокер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лук Скајвокер
лик од Војна на ѕвездите
Прво појавувањеВојна на ѕвездите (1977)
СоздавачЏорџ Лукас
ТолкуваМарк Хамил
Информации
Полно имеЛук Скајвокер
ПрекарВорми
ВидЧовек
ПолМаж
Татуин (дом)
Полис Маса (родно место)

Лук Скајвокер ― измислен лик и протагонист од оригиналната филмска трилогија „Војна на ѕвездите“ од Џорџ Лукас. Лук, чиј лик го глуми Марк Хамил, првпат се појавил во „Војна на ѕвездите“ (1977), и повторно се појавува во „Империјата го возвраќа ударот“ (1980) и „Враќање на џедајот“ (1983). По повеќе од три децении подоцна, Хамил повторно го глумел Лук во продолжението на трилогијата „Војна на ѕвездите“; тој настапил во „Силата се буди“ (2015), а поголема улога имал во „Последниот џедај“ (2017) и „Подемот на Скајвокер“ (2019). Подоцна ја глумел дигитално подмладената верзија на ликот во Дизниевиот Мандалорец, при што се појавил во финалето на втората сезона, чија премиера била во 2020 година, и Книга за Боба Фет, во шестата епизода, објавена во 2022 година.

Појавувања[уреди | уреди извор]

Оригинална трилогија[уреди | уреди извор]

Во оригиналната трилогија „Војна на ѕвездите“, Лук Скајвокер е претставен како „млад човек, кој тргнува во авантура, како херој кој се соочува со искушенија и по неговата победа ѝ носи благодет на заедницата“. [1]

Нова надеж (1977)[уреди | уреди извор]

Во филмот од 1977 година (на кој подоцна кон насловот било додадено, Нова надеж), Лук живее на пустинската планета Татуин со неговиот чичко Овен и тетка Беру. Откако еден ден ќе купи два дроида за да помогне во поправката на дроидот R2-D2 на фармата, тој открива дека таму има холограмска порака од принцезата Леја Органа од Алдераан. Во пораката таа бара помош од Оби-Ван Кеноби , а Лук мисли дека тоа е пустиникот Бен Кеноби и решава да го однесе дроидот кај него. Лук на Оби-Ван му ја пушта целосната порака во која Леја, моли да ѝ помогне да ја победи Галактичката Империја. Лук дознава дека Оби-Ван Кеноби го познавал неговиот татко Анакин Скајвокер и дека тие двајцата биле витези на Џедај пред „Дарт Вејдер да го убие Анакин“. Оби-Ван на Лук му подарува светлечки меч кој му припаѓал на неговиот татко и му предлага да го однесе во Алдеран за да го научи за начините на Силата, но Лук ја одбива неговата понуда поради обврските кон фармата на неговото семејство.

Откако ќе се врати дома, ќе види дека тетка му и вујко му биле убиени од империјалните борци во потрага по R2-D2. Лук се премислува и ја прифаќа понудата на Оби-Ван. Заедно со Оби-Ван одат во Мос Ајсли, каде што каде што го најмуваат пилотот Хан Соло и неговиот пријател Чубака кои со со Милениумскиот сокол треба да ги однесат во Алдеран. Наскоро дознаваат дека Империјата ја уништила планетата Алдеран користејќи го моќното оружје на Ѕвездата на смртта. Со Фалкон директно одат да ја спасат Леја од заробеништво. Додека Лук, Хан и Чубака ја спасуваат Леја, Оби-Ван се соочува со моќниот Дарт Вејдер и се жртвува, дозволувајќи им на Лук и на другите да избегаат.

Лук им се придружува на бунтовниците како пилот. За време на нападот на Ѕвездата на смртта, тој го слуша гласот на Оби-Ван кој го советува да ги слуша сопствените чувства и да има доверба во Силата. Лук ја исклучува навигацијата на својот брод и ја користи Силата за да го погоди чувствителното место на мега оружјето, предизвикувајќи истото да експлодира. Подоцна, тој, Хан и Чубака добиваат медали од Леја за време на прославата.

Империјата го возвраќа ударот (1980)[уреди | уреди извор]

Три години подоцна, Лук е заробен на ледената планета Хот од суштество Вамп за време на една од неговите мисии, но тој успева да побегне користејќи ја својата светлосна сабја. Непосредно пред Хан да го спаси од бесвест на студот, тој повторно го слуша гласот на Оби-Ван, кој му кажува дека мора да оди на планетата Дагоба и да го најде џедајскиот учител Јода. Наскоро Империјата ја открива базата на бунтовниците на Хот и ги напаѓа. Додека Хан, Леја и Чубака бегаат со Соколот, Лук со R2-D2 заминува на Дагоба. Таму го запознава малиот Јода, кој почнува да го учи за Силата.

За време на тренингот, Лук одеднаш има визија дека неговите пријатели се во опасност; и покрај предупредувањата на Јода и Оби-Ван, тој оди во Беспин, несвесно паѓајќи во стапица поставена од Вејдер. Започнува дуел со светлосни сабји со Вејдер. Лук се покажува како многу слаб за Вејдер; Господарот на Сит лесно го совладува Лук и му ја отсекува десната рака. Вејдер потоа му открива дека е негов татко и му нуди заедно да владеат со галаксијата. Преплашен од ова откритие, Лук ја отфрла понудата на Вејдер и се фрла во длабока бездна на реакторот. Тој преживува, но е повлечен во канал за ѓубре под Градот Облак и виси на шипка. Користејќи ги своите телепатски способности, тој ја повикува Леја, која го чувствува неговиот повик за помош и му вика на Ландо да се врати по Лука. R2-D2 го поправа погонот на Соколот и на тој начин тие успеваат да избегаат. Лук добива вештачка биомеханичка рака од медицинскиот персонал.

Враќање на Џедајот (1983)[уреди | уреди извор]
Џедајската наметка на Лук Скајвокер од Епизода VI

Една година подоцна, Лук станал џедајски витез, и направил своја светлосна сабја. Заедно со Леја, дроидите и Ландо Калисијан тој се вратил во Татуин за да го спаси Хан од рацете на злосторникот Џаба Хат. Лук се обидува да преговара, но Џаба го осудува на смрт со другите. Користејќи го R2-D2, Лук и пријателите бегаат откако Леја го убива Џаба.

Откако ќе се врати во Дагоба, Лук од Јода (кој е на смртна постела) дознава дека Вејдер е навистина негов татко. По смртта на Јода, се појавува духот на Оби-Ван и му кажува на Лук дека има сестра близначка, а Лук сфаќа дека тоа е Леја. И двајцата џедајски учители му кажуваат на Лук дека мора повторно да се соочи со Вејдер за да го заврши тренингот и да ја спаси галаксијата, но тој е вознемирен од идејата да го убие сопствениот татко.

Заедно со група на Отпорот, Лук доаѓа до шумската месечина Ендор и му се предава на Вејдер во обид да го врати својот татко од темната страна на Силите. Вејдер го носи до новата Ѕвезда на смртта во близина на Ендор пред императорот Палпатин, кој се обидува да го придобие Лук на темната страна. Tаткото и синот уште еднаш се судираат еден со друг. Лук успева да ги контролира своите емоции, но Вејдер чувствува дека Лук има сестра и се заканува дека ќе ја придобие кон темната страна ако Лук не се потчини. Неконтролирано, Лук се нафрла на Вејдер и го совладува, отсекувајќи му ја раката. Императорот му наредува на Лука да го убие Вејдер, но Лук - гледајќи ја сопствената механичка рака - ја фрла својата светлосна сабја и се нарекува себеси Џедај.

Разгневен, Палпатин ги користи своите сили за да го измачува Лук. Решен да не му дозволи да го убие неговиот син, Вејдер ја прифаќа судбината на Лук, го фрла Палпатин во окното и на тој начин го исполнува пророштвото дека тој ќе ги уништи Ситите и ќе донесе рамнотежа на Силата, но тој е смртно ранет. На барање на неговиот татко, Лук ја отстранува маската на Вејдер дозволувајќи му на неговиот татко да го види својот син со свои очи за прв пат пред да умре во неговите раце.

На Ендор, Лук го пали телото на неговиот татко на погребна клада, давајќи му соодветен погреб на Џедај. За време на прославите на победата на бунтовниците на Ендор, Лук гледа како духот на неговиот татко се појавува заедно со оние на Оби-Ван и Јода.

Втора трилогија[уреди | уреди извор]

Моќта се буди (2015)[уреди | уреди извор]
Марк Хамил повторно ја глуми улогата на Лук во Моќта се буди (2015).

Во првиот дел од продолжението на трилогијата, Силата се буди (2015), се открива дека Лук Скајвокер мистериозно исчезнал во временската рамка од 30 години по уништувањето на втората Ѕвезда на смртта. Лук се криел откако неговиот внук и ученик, Бен Соло, се свртел кон темната страна и станал Кајло Рен. Откако Рен ќе ги убие сите негови соученици и го предизвикал слабеењето на Новата Република, Лук се почувствувал одговорен и исчезнал. На крајот од филмот, Отпорот, предводен од Леја, успева да направи мапа на која е прикажано каде се наоѓа Лук. Младиот Реј оди на планетата Ач-То за да го најде. На крајот, го гледаме остарениот Лук како на Реј му ја подарува својата стара светлосна сабја која претходно ја користеле и Лук и неговиот татко.

Последниот џедај (2017)[уреди | уреди извор]

Во „Последниот џедај“ (2017), Лук ја фрла светилосната сабја откако Реј му ја дава. Потоа се затвора во својот дом и одбива да разговара со Реј. Меѓутоа, откако ќе види дека Чубака е без Хан и дека Реј дошол на Милениумскиот сокол, тој се распрашува што се случило со неговото семејство. Реј му кажува на Лук дека Кајло Рен го убил Соло и дека Првиот ред завладеал со Галаксијата. Реј го моли Лук да го научи на вештините на Силата. Лук прво не сака да ја учи Реј, објаснувајќи дека дошол крајот на Џедаите.

Краткиот разговор со R2-D2 го наведува да се премисли и се согласува да му одржи три лекции на Реј. Потоа, Лук му ја раскажува на Реј историјата на Редот на Џедаите, како Дарт Сидиус дошол на власт и како Џедаите биле делумно одговорни за пребегнувањето на неговиот татко кон темната страна. Лук, исто така, првично му кажува на Реј дека Бен бил потплатен од Снок и дека го уништил храмот на Џедаите. Но, на крајот, Лук на Реј му ја кажува вистината: Тој накратко размислувал да го убие заспаниот Бен откако видел визија за уништувањето што може да го предизвика, но не можел; Бен се разбудил и го видел Лук со запалена сабја и се свртел кон темната страна бидејќи се чувствувал предаден. Реј - кој бил во телепатски контакт со Рен - го моли Лук да се врати во Отпорот и да му помогне на Рен повторно да премине на светлата страна, но Лук повторно одбива. Откако Реј ќе си замине, на Лук му се појавува духот на Јода и го потсетува дека е важно да учи од сопствените грешки.

Додека Отпорот се крие на планетата Крејт, Лук се појавува таму. Тој ѝ се извинува на Леја што дозволил Бен да се приврзе кон темната страна. Надвор од базата, Лук и Кајло Рен се впуштаат во дуел со светлечки сабји. Рен навидум го пресекува Лук со својата светлосна сабја, но Лук е неповреден; тоа било само негова телепатска проекција кој сè уште се наоѓа на Ач-То. Отпорот успева да избега од планетата. Лук му се извинува на Рен за сите негови грешки и го уверува дека тој не е последниот Џедај. Проекцијата исчезнува и ослабениот Лук на Ач-То го гледа зајдисонцето, станувајќи едно со Силата.

Подемот на Скајвокер (2019)[уреди | уреди извор]

Лук се појавува накратко во Подемот на Скајвокер, деветтото и последно поглавје од главната серија.[2]

Откако Реј ќе открие дека е внука на Палпатин, таа бега во Ахч-То, истото тоа го направил и Лук. За да се изолира, таа ја фрла светлосната сабја на Лук во запалените урнатини од леталото на Рен, во кое таа отпатувала во својот самонаметнат егзил. Лук се појавува како дух на Силата и ја прекорува Реј затоа што се однесувала со непочитување кон светлосната сабја. Лук потоа признава дека направил грешка што не се приклучил кон Отпорот и ѝ се заблагодарува на Реј што му помогнала да се соочи со своите обврски. Лука ја убедува Реј да не се гледа себеси како Палпатин, туку како добра личност која била тренирана од Леја. Тој ја убедува да не се откажува од битка против Сит. Лук ѝ го позајмува на Реј неговото старо летало и ѝ вели да ја комбинира светлината на сабјите од нејзиниот татко и од Леја во битката со Ексегол.

Откако Реј ќе го ја победи Палпатин еднаш засекогаш, таа ја посетува фармата за влага на Татуин каде што Лук бил израснат. Таа ги закопа светлосните сабји на Лук и Леја, откривајќи дека самата си конструирала. Еден локален жител ја прашува Реј која е таа. Како Леја, која почина порано, и Лук се појавуваат како духови на Силите, Реј се именува себеси Реј Скајвокер.

Откако Реј еднаш засекогаш ќе го порази Палпатин, таа ја посетува фармата на Татуин каде Лук пораснал. Таа ги закопува светлосните сабји на Лук и Леја, откривајќи дека самата си конструирала своја. Еден локален жител ја прашува Реј која е таа. Додека Леја, која починала порано, и Лук се појавуваат како духови на Силата, Реј се нарекува себеси Реј Скајвокер.

Карактеризација[уреди | уреди извор]

Психоанализа[уреди | уреди извор]

Секој од ликовите од „Војна на ѕвездите“ претставува еден од архетипите во концептот на Џозеф Кембел за патешествието на херојот, [3] а Лук Скајвокер го претставува архетипот на херој.[4] Како таков, тој е протагонист кој се соочува со исконската борба меѓу доброто и злото на ист начин како и другите херојски фигури како: Хари Потер, Билбо Багинс и Исус Христос. Централна дилема на Лука е постојаната војна помеѓу доброто и злото, и надворешно и внатрешно.

Религиозна[уреди | уреди извор]

Некои тврдат дека Лука ги отсликува основните вредности на христијанството и аврамската религија; Патешествието на Лук често се споредува со она на Исус Христос. Научниците тврдат дека Лук е лик сличен на Христос, Јода го претставува бог, а Дарт Вејдер ги претставува искушенијата на злото. Борбата на Лука помеѓу доброто и злото е во контраст со онаа на неговиот татко, Анакин Скајвокер, на начин што ја претставува приказната за блудниот син.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Campbell, Joseph; Moyers, Bill (1988). The Power of Myth. New York City: Anchor Books. стр. 179. ISBN 978-0385418867.
  2. Perry, Spencer (July 27, 2018). „BREAKING: Star Wars: Episode IX Cast Officially Announced!“. Comingsoon.net. Архивирано од изворникот на May 3, 2020. Посетено на July 27, 2018.
  3. Miller, Martin (Summer 1981). „The Appeal of Star Wars: A psychoanalytic view“. American Imago. Baltimore, Maryland: Johns Hopkins University Press. 38 (2): 203–220.
  4. . Cincinnati, Ohio. Наводот magazine бара |magazine= (help); Отсутно или празно |title= (help); |access-date= бара |url= (help)
  5. Cohen, Michael Howard (2002). „Fraud, Ego, and Abuse of Spiritual Power“. Future Medicine: Ethical Dilemmas, Regulatory Challenges, and Therapeutic Pathways to Health Care and Healing in Human Transformation. Ann Arbor, Michigan: University of Michigan Press. стр. 213–248. ISBN 978-0472088898.