Марк Хамил

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Марк Ричард Хамил (роден 25 септември 1951 година) е Американски актер, гласовен актер и писател. Тој е познат по улогата на Лук Скајвокер во филмовите Војна на Ѕвездите. Неговите други дела вклучуваат Корветско Лето (1978) и Големиот Црвен (1980), меѓу другите телевизиски емисии и филмови. Хамил, исто така, се појавува во неколку театарски продукции, во текот на 1980-тите години.

Хамил е исто така гласовен актер , кој има глумено ликови во многу анимирани телевизиски емисии, филмови и видео игри, од 1970-тите. Тој е познат по неговата долгогодишна улога како како Џокер, почнувајќи со Бетмен: Анимираната Серија во 1992 година, како и Скипс во хит серијата на Cartoon Network, Обичното Шоу.

Ран Живот [уреди | уреди извор]

Хамил е роден во Оукланд, Калифорнија, на Вирџинија Сузан и и капетанот на американската морнарница Вилијам Томас Хамил (1926-2014).[1] Тој е еден од седумте деца, има двајца браќа, Вил и Патрик, и четири сестри, Тери, Џен, Џини, и Ким.[2] Неговиот татко има англиско, шкотско, ирско и велшко потекло и неговата мајка е и од Шведска и од Англија.[3][4] Тие морале често да се селат поради работата на татко му. Тој одел на Академијата Валшингам и Поу Средното Училиште.[5] На возраст од 11 години, тој се пресели на блок 5900  на Каселтон Драјв во Сан Диего, Калифорнија, каде тој го посетувал Хејл Средното Училиште.[се бара извор] За време на неговата прва година на Џејмс Медисон Средното Училиште, неговото семејство се пресели во Вирџинија, и Хамил одел Анандел Средното Училиште.[6]  Додека бил прва година средно, неговиот татко бил стациониран во Јапонија, каде Хамил, присуствувал и бил член на Драмскиот Клуб во Нил C. Киник Средната Школа, од која тој дипломирал во 1969 година.[се бара извор][7] Тој подоцна се запиша на Лос Анџелес City Колеџ, каде што студирал драма.

Хамил бил одгледан како Римокатолик, и го опишувал татко си како "Никсон Републиканец".[8]

Кариера[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Неговата рана кариера вклучува и епизодна улога во сапунската опера Главната  Болница,[9] и улога во краткотрајната ситуациска комедија Тексас Вилерс.[10] Тој го глуми најстариот син на Дејвид, во првата епизодата на Осум Е Доволно, иако улогата подоцна беше изведена од страна на Грант Гудив.[11] Тој исто така гостувал на Бил Козби Шоу,[12] Фамилијата Петриџ,[се бара извор], Соба 222 и Од Време На Време.[се бара извор] Тој се има појавено во неколку телевизиски филмови како што се Градот,[се бара извор] и Сара Т - Портрет на Тинејџерскиот Алкохоличар.[се бара извор]


Референци[уреди | уреди извор]

  1. "Mark Hamill Biography (1951–)". Filmreference.com. конс. April 7, 2010. 
  2. Robbie Collin (6 December 2015). "Mark Hamill: a force to be reckoned with". telegraph.co.uk. The Telegraph. конс. 15 January 2016. ...he and his six siblings 
  3. Just The Best : Sienn's Mark Hamill Page : Interviews 1990.
  4. "Pedigree of Hamill's paternal family". конс. January 3, 2016. 
  5. "Poe Middle School". fcps.edu. Fairfax County Public Schools. конс. 21 January 2016. 
  6. "Mark Hamill Strikes Back : People.com". 
  7. Kinnick High School was located in Yokohama, Japan until its relocation to Yokosuka, Japan in 1971.[се бара извор]
  8. "Skywalker Speaks: Mark Hamill on Returning to 'Star Wars'". Rolling Stone. конс. December 20, 2015. 
  9. Warren Manger (8 December 2015). "Mark Hamill: Can you imagine the mob of fans outside my house if I had turned down new Star Wars film?". mirror.co.uk. Mirror Online. конс. 15 January 2016. ...and a recurring role in drama in General Hospital. 
  10. Robbie Collin (6 December 2015). "Mark Hamill: a force to be reckoned with". telegraph.co.uk. The Telegraph. конс. 15 January 2016. a lead role in the short-lived sitcom The Texas Wheelers. 
  11. Douglas Snauffer (23 July 2008). The Show Must Go On: How the Deaths of Lead Actors Have Affected Television.... McFarland. стр. 110–111. 
  12. Robbie Collin (6 December 2015). "Mark Hamill: a force to be reckoned with". telegraph.co.uk. The Telegraph. конс. 15 January 2016.