Луисана Лопилато

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Луисана Лопилато
Luisana Lopilato
Роден(а)Luisana Loreley Lopilato
Други имињаЛули, Лу
Активен1995-сѐ уште

Луисана Лопилато (родена 18 мај 1987) е аргентинска глумица и пејачка.

Луисана Лопилато е родена во Буенос Аирес, Аргентина. Кариерата ја започнува уште како многу мала , кога снимала реклами. Во 1995 во детската серија „Дечиња“ (Chiquititas) станува позната во улогата на Луисана Маза. Во 2002 ја снима првата, а во 2003 втората сезона од добро познатата младинска серија „Млади бунтовници“ (Rebelde Way) во улогата на Миа Колучи. Тие две години ја оформува групата „Erreway“ заедно со своите колеги Камила Бордонаба, Бенхамин Рохас и Фелипе Коломбо. Во 2004 го снимаат филмот „Еревеј 4 патишта “ (Erreway 4 caminos) и истата година Луисана го напушта бендот. Тие прават кратка пауза, и во декември 2006, Камила, Фелипе и Бенхамин повторно ја оформуваат групата, но без Луисана. Тогаш таа започнува кариера како глумица и во 2005 ја снима серијата „Венчани, со деца“ (Casados con hijos) во улогата на Паола. Во 2006 ги снима сапуниците „El Capo“ (El Capo) во улогата на Орнела и „Пиратска душа“ (Alma Pirata) во улогата на Алегра, а во 2007 го позајмува гласот во анимираниот филм „Plumfieros“ за ликот Феифи. Во 2008 ја снима серијата Atraccion x 4 со својата колешка и пријателка Камила Бордонаба , во 2009 филмот "Papa por un dia" (Татко за еден ден), а во 2010 серијата Alguien que me quiera. Исто така , има работено неколку театарски представи како што се Пепелашка (Princesa Cenicienta) и Арлекин (Arleqin). Во 2011 снима 2 епизоди за серијата „Малтретирани“ Maltratadas заедно со Хуан Хил Наваро, а во 2012 има главна негативна улога во серијата "Lobo" (Волк) , и исто така поминува неколку месеци во Италија снимајќи ја серијата "Una buona stagione"(Убави времиња). Во 2013 нејзиниот живот добива поинакво значење , поради раѓањето на нејзиниот син и заради тоа оваа година се одлучува да глуми во мини-серијата ,En terapia(На терапија). Во 2014 го снима филмот "Las insoladas" (Исончаните)


Во брак е со канадскиот пејач Мајкл Бубле од 2011, со кој има еден син , Ноа ,роден во 2013 година.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]