Erreway

Од Википедија — слободната енциклопедија

Erreway била аргентинска гупа формирана благодарение на телевизиската серија Млади Бунтовници. Членови на оваа група биле Камила Бордонаба, Бенхамин Рохас, Фелипе Коломбо и Луисана Лопилато.

Erreway има продадено повеќе од 13 милиони албуми во цела Јужна Америка и голем дел од Европа , вклучувајќи и неколку златни и сребрени дискови.

По распадот на групата (во 2004) , во 2006 повторно се враќаат на сцената , но овој пат без Лопилато , одржувајќи турнеја низ цела Шпанија. На крајот на 2007 година , групата објавува дефинитивно распаѓање.

Членови[уреди | уреди извор]

Фелипе Коломбо 8 јануари 1983 (31) Град Мексико, Мексико
Камила Бордонаба 4 септември 1984 (30) Ел Паломар, Аргентина
Бенхамин Рохас 16 април 1985 (29) Ла Плата,Аргентина
Луисана Лопилато 18 мај 1987 (27) Буенос Аирес, Аргентина

Музичари во бендот[уреди | уреди извор]

  • Силвио Фурмански (гитара)
  • Лаура Корасина (бас)
  • Луис Бурхио (тапан)
  • Флоренсија Кирало (бек вокал)
  • Вили Лоренсо (бек вокал , гитара и професор по пеење)

Историја[уреди | уреди извор]

Erreway е создадена во 2002 како дел од серијата Млади Бунтовници. Групата е составена од Камила Бордонаба, Бенхамин Рохас, Фелипе Коломбо и Луисана Лопилато и исто така има и своја приказна во серијата Млади Бунтовници. На 29 јули 2002 е пуштен првиот деби-албум на групата, Señales составен од 12 песни, компонирани од Крис Морена и Рики Нилсон.

На 20 септември, Erreway прави презентација на своето цд на еден огромен спектакл во теаратот Гран Рекс во Буенос Аирес.

Erreway почнува да го снима својот втор албум Tiempo,со кој доживуваат огромен успех. Овој албум исто така се состои од 12 песни. По завршувањето на снимањето на серијата, групата патува во Тел Авив, каде имаат 18 концерти. На 15 април, Tiempo е пуштен во продажба.

Во 2004 членовите на групата го снимаат филмот Erreway 4 caminos, како и нивниот трет албум Memoria.

По неколку успешни турнеи низ Латинска Америка и Израел, групата се распаѓа.

На барање на обожавателите, во 2006 групата се враќа на сцената, овојпат без Луисана Лопилато, која одлучува да ја напушти групата. Камила, фелипе и Бенхамин, заедно со нивните музичари одржувале турнеја низ Шпанија.

Erreway: 4 caminos[уреди | уреди извор]

Erreway: 4 caminos е филм кој е снимен по серијата Rebelde Way, со премиера во Аргентина на 1 јули 2004. Динамичен филм, со многу пресврти, интриги и хумор. Приказна за четворицата членови на оваа популарна група.

Турнеи[уреди | уреди извор]

  • 2002: Rebelde Way "El Show"
  • 2002: Турнеја Señales
  • 2003: Турнеја низ Израел
  • 2003: Tour Nuestro Tiempo
  • 2004: Турнеја низ Израел
  • 2006: Турнеја низ Шпанија

Дискографија[уреди | уреди извор]

Студиски албуми
Незавршен албум
Во живо
Компилации
ДВД

Синглови[уреди | уреди извор]

Интернационален ден[уреди | уреди извор]

По неверојатниот успех на Erreway во целиот свет, EWI (меѓународниот обожавателски клуб на групата) одлучи да им оддаде чест на членовите на групата со еден специјален ден. Одбраниот ден е 8 октомври , денот кога групата го имала последниот концерт во Перу , бидејќи идејата за ваков ден била токму на Перуанските обожаватели.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]