Пиратска душа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пиратска душа
Жанрдрама, комедија, теленовела
УлогиЛуисана Лопилато
Мариано Мартинез
Бенхамин Рохас
Фабијан Мацеи
Воведна темаI Need Your Love - María Cristina De Giacomi
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди140
Продукција
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелефе
Надворешни врски
Мрежна страницаalmapirata.com.ar

Пиратска душа е аргентинска теленовела. Серијата е приказна за пиратите, љубовта и животот на тинејџерите. Како главни улоги се појавуваат кај нас познатите Луисана Лопилато и Бенхамин Рохас, кои се прославија со улогите на Миа и Пабло во Млади Бунтовници.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Ова е приказна за пријателството, за тоа кое никогаш не смее да се предаде, за авантурата и правдата, за слободата и врските. А најмногу ова е приказна за љубовта. Ова е приказна за тројца пријатели, кои после смртта на нивните родители ја следат нивната традиција и повторно го основаат братството “Лигата на мечевите”. Договарајќи се да ги исчистат сеќавањата на своите родители, кои се убиени и да пронајдат скапоцен камен , ама и да ги казнат убијците на своите родители. Нивните родители кои исто така припаѓале на “Лигата на мечевите”, старото братство кои со една цел за да го спасат светот, биле убиени од Џино Риганти. Нашите праведниви се: Беницио, Круз, волшебник и крадец и коцкарот Иван . Единствената која не дели тајни е Клара, ќерка на Карлота и пријателка на Алегра. Приказната започнува кога, неколку години после смртта на нивните родители, тројцата млади примаат писмо кои ги известува дека треба да следаат трагови за да дојдат до Алма, која е единствениот спас за да се избегне Трета Светска Војна. Но тоа и не е толку лесно за да се направи: баш како и оваа Лига, постои упте една противничка, “Свештениците на крстот”, која е формирана од тријади и еден маестро, кој е одбран и поседува моќ. Тој ја симулура борбата со Џино, таткото на Алегра, кој исто така е дел од Крстот, да им се приближи на момчињата и да спречи да дојдат до Алма. После неколку месеци тешка работа, момчињата го набавуваат каменот (емералд), кој всушност не е Алма, но ќе им послужи да дојдат до Алма. Но на тоа, на патот ќе морат да почекат многу изненадувања, опасности и авантура. На тој пат ќе откријат дека не е се како што се чини и дека ќе им треба многу храброст да го одбранат она што се и она што го бранат и нивните родители. Ќе морат да преживеат многу замки и напади за да го остварат она што го започнале, а тоа е да го исчистат сеќавањето на нивните родители и нивните непријатели. Серијата може да се каже дека е поделена на две етапи , а првата завршува со смртта на Беницио , кој е убиен од страна на Џино. На почетокот на втората етапа , на Лигата и се приклучува братот на Беницио , Андрес (Пампа).

Улоги[уреди | уреди извор]

Глумци Ликови
Луисана Лопилато Алегра
Бенхамин Рохас Круз Наваро
Мариано Мартинез Беницио Демарко
Изабел Маседо Клара
Фабијан Мацеи Иван Ферер
Елса Пиниља Мерилин
Николас Васкез Андрес

Надворешни врски[уреди | уреди извор]