Логодашка Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Логодашка Река
МестоГорноџумајско, Пиринска Македонија
Слив
Главен изворВлаина
995 м
42°01′26″ N; 22°52′38″ E / 42.0239° N; 22.8772° E / 42.0239; 22.8772
Устиер. Струма кај с. Покровник, Општина Горна Џумаја
315 м
41°58′47″ N; 23°04′29″ E / 41.9797° N; 23.0747° E / 41.9797; 23.0747Координати: 41°58′47″ N; 23°04′29″ E / 41.9797° N; 23.0747° E / 41.9797; 23.0747
ТечениеСтрумаЕгејско Море
Сливна повр.166 км2
Физички особености
Должина22 км
Логодашка Река на картата на Општина Горна Џумаја.

Логодашка Рекарека во Горноџумајско, Пиринска Македонија, десна притока на Струма. Долга е 22 км и ги одводнува источните и средишни делови на планината Влаина.[1]

Река извира под името Клисурска Река на надморска височина од 995 м од планината Влаина, 300 м северозападно от маалото Ваклинци на с. Клисура, Општина Горна Џумаја (Благоевград). Најпрвин тече на југоисток во длабока и добро пошумена долина, а по с. Логодаш страните стануваат мошне соголени. По утоката на најголемата притока Четрока (десна) Логодашка Река свртува на исток и кај с. Покровник навлегува во Горноџумајската Котлина, каде коритото ѝ е уредено со брежни насипи. Завршува како десна притока на Струма, 500 м југоисточно од Покровник.

Сливот на реката зафаќа 166 км2, што претставува 0,96 % од вкупниот слив на Струма.

Главни притоки: → лева, ← десна

  • → Дренски Дол
  • ← Четрока (најголема)
  • ← Поповска река

Логодашка Река се напојува претежно од дождови; најполноводна е во март и април, а најслабоводна во август и септември.

По течението на реката има три села: Клисура, Логодаш и Покровник, сите во Општина Горна Џумаја.

Водите на реката и на некои од нејзините притоки се користат за наводнување, за која цел на една нејзина мала лева притока е изградено големото вештачко езеро Стојковци.

Топографски карти[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Мичев, Николай и др. (1980). Географски речник на България. София: Наука и изкуство. стр. 290.