Ли (река)
Ли (кинески: 漓江, пинјин: Lí Jiāng, Лиџанг) — река во покраината Гуангси во НР Кина и притока на Бисерната Река.
Избира во Маоар во округот Сјинган и тече јужно низ окрузите Гуејлин, Јангшуо и Пингле. Во Пингле реката се спојува со две други помали реки и продолжува на југ под името Гуеј, која пак се влева во реката Си, која е западна притока на Бисерната Река во Вуџоу.
Во горното течение, реката Ли е поврзана преку древниот канал Лингчи со реката Сјанг, која тече на север и се влева во Јангцекјанг. Затоа во минатото реките Ли и Гуеј претставувале мошне важни водни патишта кои ја поврзувале долината на Јангцекјанг со делтата на Бисерната Река.
Реките Ли и Гуеј имаат течение од 437 километри со карактеристични стрмни зелени ридови од обете страни. Позната атракција на реката Ли е рибарењето со корморани. Необичните карстни ридови во тие предели неретко се споредуваат со оние во заливот Халонг во Виетнам.
Предели
[уреди | уреди извор]Долж 100 километри по течението на Ли се извишуваат планински врвови. Оваа област е меѓу најпознатите предели во Кина. Некои поважни места од интерес се:
- Карпа на Писките: a варовничка пештера with a large number of сталактити, сталагмити, сталакто-сталагмити, карпести пердиња и пештерски корали.
- Парк „Седум ѕвезди“: најголемиот парк во Гуејлин.
- Планина на Раскошните Бои: планина составена од многу слоеви на карпи во најразлични бои.
- „Сурла“: рид што изгледа како огромен слон како пие вода со сурлата. Ова е симбол на градот Гуејлин.
- Каналот Лингчи: прокопан во 214 п.н.е., еден од трите големи водоснабдувачки проекти во древна Кина и најстариот постоечки канал во светот.
- Други атракции: врвот Дусју, паркот Нанси, реката Таохуа, џиновскиот банјан, и националниот фолклорен парк Хуашан-Лиџанг.
Пределите на реката Ли се прикажани на банкнотата од 20 јуани.
Галерија
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Ли (река)“ на Ризницата ? |
- Национален парк Гуејлин и Лиџанг (англиски)
- Речни крстарења по Ли (англиски)