Лимениот барабан (филм)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лимениот барабан во кино, 1979 година

Лимениот барабан (германски: Die Blechtrommel) - германско-француско-полско-југословенски филм од 1979 година во режија на Фолкер Шлендорф. Филмот претставува екранизација на истоимениот роман на Гинтер Грас. Главните улоги ги играат: Давид Бенет, Марио Адорф, Катарина Талбах, Даниел Олбрихски и Ангела Винклер. Во 1980 година, филмот ги освоил наградите „Оскар“ и „Цезар“ за најдобар странски филм, а една година претходно бил награден со „Златната палма“ на Канскиот филмски фестивал. Вкупно, филмот освоил 17 награди.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Оскар Мацерат (го игра Бенет) е дете на германски родители кои живеат во Гдањск во 1920-тите. На тригодишна возраст, тој паѓа по скалите и потоа не може да расте. Негова најголема љубов се барабаните од кои никогаш не се одделува, а во една прилика, кога неговиот татко (го игра Адорф) сака да му го одземе барабанот, Оскар вреска силно при што ги крши стаклата во домот. Така, тој открива дека поседува глас со голема сила и подоцна, секогаш кога некој се обидува да му го одземе барабанот, тој ги крши стаклата со својот глас. Неговата убава мајка Агнес (ја игра Винклер) има љубовник - Полјакот Јан Бронски (го игра Олбрихски), а еднаш Оскар дознава за љубовната врска на мајка му и оттогаш станува многу повлечен во себе. Со подемот на Националсоцијалистичката партија, татко му на Оскар станува нацист, а набргу, гризејќи ја совеста поради неверството, мајка му умира. Кога почнува Втората светска војна, Гдањск е окупиран од германската војска, а во нападот на градот погинува Бронски. Еден ден, во домот на Оскар доаѓа младата девојка Марија (ја игра Талбах) со која Оскар го има првото сексуално искуство. Набргу, таа останува бремена со татко му на Оскар и му раѓа син, а Оскар ѝ се придружува на групата џуџиња и со нив дава претстави за германската војска во Париз. Таму, тој се вљубува во една жена-џуџе, но таа погинува при повлекувањето на германската војска пред нападот на сојузниците. Оскар се враќа во родниот град кого го освојува Црвената армија и тогаш погинува неговиот татко. За време на закопот на татко му, Оскар се здобива со тешка повреда на главата, а потоа, заедно со германското население го напушта Гдањск.[2]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]