Лилјана Чаловска
Лилјана Чаловска | ||
Родена | 1920 Софија | |
---|---|---|
Починала | 20 јули 1997 Скопје | |
Националност | Македонка | |
Занимање | политичарка, поетеса | |
Сопружник | Лазар Колишевски (до 1952) | |
Татко | Ахил Чаловски |
Лилјана Чаловска (Софија, 1920 година - Скопје, 20 јули 1997) — македонска писателка и активна учесничка во напредното движење на македонските студенти во Белград.
Животопис
[уреди | уреди извор]Чаловска била член на КПЈ од 1940 година и делегат на Второто заседание на АВНОЈ. Покрај тоа, била еден од организаторите и раководител на Првиот конгрес на Народноослободителниот младински сојуз на Македонија, одржан на 21 декември 1944 година во Фуштани. Најпосле, таа била учесничка во АСНОМ, а по завршувањето на војната била народен пратеник во Собранието на Македонија и во Сојузното собрание.
Чаловска е позната и како првата сопруга на политичарот Лазар Колишевски.[1][2]
Творештво
[уреди | уреди извор]Чаловска била членка на Друштвото на писателите на Македонија. Таа е автор на седум збирки поезија:
- „Бдение за Виетнам“ (1967),
- „Антидневник“ (1971),
- „Пребир“ (1972),
- „Пергел“ (1974),
- „Повесница“ (1977),
- „Поморјански песни“ (1981),
- „Стихови“ (1981)
Три нејзини кратки раскази се застапени во антологијата на македонскиот краток расказ, „Џинџуџе во земјата на афионите“ (Темплум, 2022).[3]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „ЕКСКЛУЗИВНО: ЦИА открива пикантерии од љубовниот живот на Лазар Колишевски“. еМагазин. Архивирано од изворникот на 2021-11-05. Посетено на 5 ноември 2021.
- ↑ „Белешки за автор(к)ите“, во: Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 354.
- ↑ Никола Гелевски и Владимир Мартиновски (приредувачи), Џинџуџе во земјата на афионите: антологија на македонскиот краток расказ. Скопје: Темплум, 2022, стр. 19-22.
Оваа статија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |