Лиана Думитреску

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Лиана Думитреску
Роден(а)20 јануари 1973
Крајова,  Романија
Починал(а)27 јануари 2011
Букурешт,  Романија
Занимањеполитичар

Лиана Думитреску (Крајова, 20 јануари 1973 - Букурешт, 27 јануари 2011) - романска политичарка, пратеник-претставник на Македонците во Комората на пратеници (Долен дом) во Парламентот на Романија.

Биографија[уреди | уреди извор]

Думитреску била родена на 27 јануари 1973 година во Крајова, Романија во семејство на Македонци. Во 1996 година завршила право на правниот факултет во Букурешкиот универзитет. Таа била првиот пратеник-претставник на Македонците во Комората на пратеници, односно Долниот дом во Парламентот на Романија. Била на два мандата претставник, од кој вториот го добила со над десет илјади гласови. Покрај пратеничкиот мандат, ја извршувала и функцијата потпретседател на Друштвото на Македонците во Романија и во секоја пригода ги нагласувала своите македонски корени. Починала од срцев удар на 27 јануари 2011 година.[1] Во 2011 година била постхумно одликувана со Орденот за заслуги за Македонија.[2]

Наводи[уреди | уреди извор]