Лешански манастир
Поглед на старата црква во Лешанскиот манастир, посветен на Сите Светители, единствен со такво име во Македонија | |
Информации | |
---|---|
Целосно име | Манастир „Сите Светители“ - Лешани |
Други имиња | Манастир „Си Свети“ - Лешани |
Манастир на: | МПЦ - ОА |
Основан | 1452 |
Посветен на | Сите Светители |
Епархија | Дебарско-кичевска |
Цркви | Црква „Сите Светители“ Црква „Покров на Пресвета Богородица“ |
Личности | |
Основач (и) | Никола Божикев |
Место | |
Место | с. Лешани, Општина Дебрца Македонија |
Координати | 41°16′48″N 20°51′09″E / 41.28000° СГШ; 20.85250° ИГД |
Видливи остатоци | 2 црква, конаци, помошни објекти |
Отворен за јавноста | да |
Други информации | (Белчишка парохија) |
Лешански манастир (Манастир „Си Свети“) — средновековен манастир во областа Дебрца, сместен во селото Лешани.
Старата црква на манастирот посветена на „Сите Светци“ потекнува од 1452 година, кога биле удрени нејзините темели на постара црква, која се претпоставува дека потекнува од IX век. Подоцна, била подигната и нова поголема црква посветена, исто така, на „Сите Светци“ веднаш до старата помала црква.
Лешанскиот манастир е единствениот манастирски комплекс посветен на „Сите Светители“ во Македонија, но и на Балканот.[1]
Местоположба
[уреди | уреди извор]Манастирот се наоѓа во селото Лешани, во областа Дебрца, оддалечен 30-тина километри од градот Охрид. До манастирот води асфалтиран пат, на кој постојат уредно поставени патокази.[1]
Историја
[уреди | уреди извор]Манастирот бил изградена во 1452 година со удирање на темелите на старата еднокорабна црква посветена на „Сите Светители“ на основа на средновековна базилика од IX век.
Во текот на XIX и XX век, кога имал активен монашки живот, манастирот бил добро одржуван, но по 1971 година, со починувањето на последната монахиња, започнал да пропаѓа и руинира.
Манастирот е тесно поврзан со историјата на Дебрца, па така за време на НОБ, во него се наоѓал штабот на партизанските единици и оттука се планирале ослободителните акции.
Монашки живот
[уреди | уреди извор]Лешанскиот манастир претставувал женски манастир во текот на XIX и XX век, а сестринското сè до Втората светска војна броела и до 30 монахињи. По војната останала само сестрата Евдокија, која во 1971 година починала и е погребана во манастирот.
Градби во манастирот
[уреди | уреди извор]Од манастирскиот комплекс до денес се сочувани: старата манастирска црква, заедно со рушевините и темелите на постарата средновековна црква, новата манастирска црква, новата камбанарија налик на црква, новоизградената црква „Покров на Пресвета Богородица“ и конаците.
Црква „Сите Светители“
[уреди | уреди извор]Била изградена во 1452 година, кога е и живописана. Таа е мала еднокорабна, ѕидана од кршен камен и бигор. Живописот, што го има изведено непознат автор, се издвојува со својот колоритет, што ретко се среќава. Некои фрагменти покажуваат дека црквата е живописана и од надворешната страна. Авторот на живописот влегува во редот на талентираните зографи.
Црква „Покров на Пресвета Богородица“
[уреди | уреди извор]Новоизградена црква во дворот на манастирот, чија изградба сè уште е во тек.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Манастирска чешма
-
Конаците спроти двете цркви посветени на „Си Свети“
-
Поглед на манастирот од патот при влезот во селото Лешани
-
Старата црква со рушевините од средновековната црква
-
Новата црква посветена на „Си Свети“
-
Новоизградената црква „Покров на Пресвета Богородица“
-
Поглед на апсидите на двете цркви посветени на „Сите Светители“
-
Старата црква посветена на „Си Свети“
-
Поглед на влезот на старата црква
-
Новоизградената камбанарија во облик на црква
-
Влезот на новата црква
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Казиовска, Соња (6 јуни 2015). „Луѓе бараат иљач од сите светии во манастирот над Лешани“. Дневник. Скопје: МПМ Македонија. Посетено на 15 септември 2016.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Лешански манастир на Ризницата ?