Леохар
Леохар (грч. Λεοχάρης) бил грчки вајар од Атина, кој живеел и работел во IV век п.н.е. во Македонија и Грција.
Дела
[уреди | уреди извор]Леохар работел на изградбата на Мавзолејот во Халикарнас, едно од „Седумте светски чуда“. Други негови дела се Дијана Версајска (денешната е римска копија на оригиналот од 325 п.н.е.). Се смета и за автор на прочуената статуа Аполон Белведерски (денешната е римска копија во Ватикан).
Од неговите портретистички вајарски дела најпознати се статуите на македонските кралеви Филип II Македонски, Александар III Македонски, Аминта III и кралиците Олимпија и Евридика II, изведени во слонова коска и злато, и сместени во Филипионот, кружно меморијално здание во Алтис, светилиштето во Олимпија, подигнато во чест на Филиповата победа во Битката кај Херонеја.
|