Ленарт Бакман

Од Википедија — слободната енциклопедија

Курт Ленарт Ингемар Бакман (роден на 7 февруари 1934 година) поранешен шведски фудбалер кој играл на позицијата крилен напаѓач. Тој имал повеќе од 200 настапи во Алсвенскан за тимот на ИФК Норшепинг и тимот на АИК од Стокхолм помеѓу 1957 и 1968 година. Како репрезентативец настапувал за репрезентацијата на Шведска помеѓу 1958 и 1966 година на вкупно 31 натпревар кога постигнал три гола.

Клупска кариера[уреди | уреди извор]

Бил роден во градот Скелефтео,а својата кариера Бакман ја започнал во тимот на Скелефтео ИФ.[1] Во 1957 година потпишал за тимот од првата шведска лига ИФК Норшепинг каде играл вкупно две сезони.[2] Во 1959 година Бакман потпишал со АИК во кој поминал десет сезони, настапувајќи на вкупно 194 лигашки натпревари. Девет од овие сезони поминал во Алсвенскан првата лига, додека во сезоната 1962 заедно со тимот на АИК биле во дивизијата 2 Свеланд. Во втората лига, Бакман постигнал вкупно 19 гола на 24 натпревари, помагајќи му на АИК да ја освои лигата 2 во Свеланд конкуренцијата и веднаш да се врати назад во Алсвенскан или првата лига на Шведска.Тоа се случило во плејофот за промоција во Алсвенскан во 1962 година. Тој се повлекол од професионалниот фудбал во 1968 година.[3]

Меѓународна кариера[уреди | уреди извор]

Фудбалската репрезентација на Шведска во 1961 година со овие играчи – од лево, стоејќи: Бенгт „Фолет“ Берндсон, Торбјорн Јонсон, Аке „Бајдоф“ Јохансон, Агне Симонсон, Руне Борјесон и Ленарт Бекман; клечат: Оле „Лил-Лапен“ Хелстром, Орвар Бергмарк, Бенгт „Самора“ Нихолм, Ленарт Винг и Госта „Книвста“ Сандберг.

Бакман го одиграл својот прв натпревар за репрезентацијата на Шведска на 7 мај 1958 година во пријателски натпревар против тимот на Швајцарија непосредно пред Светското првенство на ФИФА 1958 година одиграно токму во Шведска.[4] На тој натпревар играл 65 минути по што Бакман бил заменет со Силви Бенгтсон поради повредата на коленото. Повредата го оддалечила Бакман надвор од тимот на Шведска и за време на Светското првенство во 1958 година, но таа го оддалечила и од целокупната фудбалска игра во следните неколку месеци.[2]

Бакман го постигнал својот прв репрезентативен гол за Шведска во пријателската победа од 6:0 против екипата на Данска на 21 јуни 1959 година. Тој го одиграл својот прв официјален натпревар за шведската репрезентација на 19 октомври 1960 година во квалификацискиот натпревар за Светското првенство на ФИФА 1962 година против тимот Белгија во кој Шведска победила со резултат 2:0. Бакман ја претставувал Шведска во квалификациските натпревари за УЕФА ЕВРО 1964 и 1966 година, но никогаш не се појавил во тимот на голем меѓународен турнир. Својот последен меѓународен настап го имал на 4 јуни 1966 година во пријателскиот натпревар против тимот на Финска.

Бакман вкупно одиграл 31 натпревар за Шведска и постигнал три гола. Тој исто така играл двапати за репрезентацијата на Шведска во Б.тимот.

Кариера во бенди и хокеј на мраз[уреди | уреди извор]

Повеќенаменскиот играч и спортист, Бакман го претставувал АИК и во бенди, но и во хокеј на мраз за време на неговата фудбалска кариера. Тој се појавил вкупно 16 пати за шведската државна репрезентација во бенди и и помогнал на неговата земја да заврши на второто место на Светското првенство во Бенди во 1961 година и третото на Светското првенство во Бенди во 1963 година.[5]

Статистика во кариерата[уреди | уреди извор]

Меѓународна статистика[уреди | уреди извор]

Настапи и голови во репрезентацијата по година
Репрезентација Година Натпревари Голови
Шведска 1958 година 2 0
1959 година 4 2
1960 година 5 0
1961 година 8 1
1962 година 3 0
1963 година 6 0
1964 година 1 0
1965 година 1 0
1966 година 1 0
Вкупно 31 3
Список на оценки и резултати: Најпрво е бројот на голови на Шведска, колоната за резултати 2 го покажува резултатот на секој постигнат гол на Бакмен.
Список на меѓународни голови постигнати од Ленарт Бакмен
Бр. Дата Место на одржување Противник Резултат Резултат Тип на натпревар Наводи
1 21 јуни 1959 година Паркен, Копенхаген, Данска  Данска 4–0 6–0 Пријателски [6]
2 28 јуни 1959 година Непстадион, Будимпешта, Унгарија  Унгарија 2–3 2–3 Пријателски [7]
3 9 август 1961 година Идротспаркен, Норшепинг, Шведска  Финска 4–0 4–0 Пријателски [8]

Награди и признанија[уреди | уреди извор]

АИК

  • Дивизија 2 Свеланд: 1962 година (шампион во втора лига и враќање во прва лига)

Индивидуална статистика

  • Награда „Стор Граб“ 1960 година

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „500 AIK:are - Lennart Backman“. www.aik.se. Посетено на 14 December 2020.
  2. 2,0 2,1 „22. Lennart Backman“. Skånes Bandyförbund (шведски). Архивирано од изворникот на 2020-11-14. Посетено на 14 December 2020.
  3. „Glömda svenska fotbollshjältar (15): Dribblern och eleganten Lennart Backman“. Tommy Hanssons Blogg (шведски). 18 November 2019. Посетено на 14 December 2020.
  4. „Lennart Backman - Spelarstatistik - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se. (шведски). Посетено на 14 December 2020.
  5. „Lennart Backman nära att bli historisk på hemmaplan“. Svenska Bandyförbundet (шведски). Архивирано од изворникот на 2020-11-30. Посетено на 2020-12-14.
  6. „Danmark - Sverige - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Посетено на 14 December 2020.
  7. „Ungern - Sverige - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Посетено на 14 December 2020.
  8. „Sverige - Finland - Matchfakta - Svensk fotboll“. www.svenskfotboll.se (шведски). Посетено на 14 December 2020.