Лекција по љубов (филм)
Лекција по љубов е шведски филм, во режија на Ингмар Бергман. Главните улоги ги играат: Ева Далбек, Гунар Бјернстранд итн.
Содржина
[уреди | уреди извор]По поминатите 15 години во брак, Давид (го игра Бјернстранд) и Мариан (ја игра Далбек) се наоѓаат на крстопат. Давид е доктор-гинеколог, кој има љубовни авантури надвор од бракот. Кога ќе се соочи со сериозната опасност дека неговата жена ќе го напушти, тој прави план како да ја поправи работата. Божем случајно, тој се качува во возот за Копенхаген каде што патува жена му, која има намера да се омажи за еден уметник. Всушност, во минатото, таа требало да се омажи за уметникот (кој бил најдобар другар на Давид), но на денот на свадбата, таа му изјавува љубов на Давид, по што се мажи за него. Во возот, тие се расправаат околу тоа кој е виновен за распаѓањето на бракот.
Во Копенхаген, Давид, жена му и уметникот одат во еден бар, каде уметникот наговара една проститутка да го заведе Давид, со цел да предизвика љубомора кај неговата жена. Неа навистина ја совладува љубомората и таа започнува тепачка со проститутката, па го напушта уметникот. Давид ја носи жена си во еден хотел, со цел да поминат една ноќ како во најубавите денови, кога биле вљубени еден во друг.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Антена, број 827, 2.5.2014, стр. 18.