Лаџаќој
Лаџаќој Λουτρός | |
---|---|
Координати: 40°53′N 26°3′E / 40.883° СГШ; 26.050° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Марица |
Општина | Дедеагач |
Општ. единица | Трајанопол |
Надм. вис. | 90 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 713 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Лаџаќој или Бања (грчки: Λουτρός, Лутрос) — село во Источна Македонија и Тракија, Република Грција. Тоа административно припаѓа на општината Дедеагач во тракискиот округ Марица,
Географија и местоположба
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓа во општината Дедеагач, Западна Тракија.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во битка со Турците кај селото Лаџаќој на 10 ноември 1907 година загинале дејците на ВМОРО Петар Васков, Лазар Маџаров, Ѓорѓи Гешанов, Чанко Карабраканов и Јанаки Милков.[3]
Според статистиката на професор Љубомир Милетиќ во 1912 година селото е мешано бугарско-турско со 160 семејства, од кои 120 се егзархиски бугарски семејства, а 40 се турски.
При избувнувањето на Балканските војни во 1912 година 4 лица од селото се доброволци во Македонско-одринското ополчение.
Во првите децении на дваесеттиот век селото, крај кое се наоѓа мала железничка станица на линијата Дедеагач-Фере, е познато по своите лековити бањи и хотел со 120 соби.
Во 1920 година селото потпаѓа под Грција. По 1924 година бугарското население од селото е иселено, 30 семејства (околу 200 луѓе) бараат спас во Горни Воден, Асеновградско, а уште толку во Крџалиско и Хасковско. Други 30-40 семејства остануваат во селото, но по 1944 година и тие се селат во Бугарија.