Ластовичкина опашка

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ластовичкина опашка
PapilioMachaon2016 001.JPG
Поглед од грбниот дел на пеперутката]
Долниот дел од телото на пеперутката,
Научна класификација
Царство: Animalia
Колено: Arthropoda
Класа: Insecta
Ред: Lepidoptera
Семејство: Papilionidae
Род: Papilio
Вид: P. machaon
Биномен назив
Papilio machaon
Linnaeus, 1758
Синоними

Ластовичкина опашка (Papilio machaon) е име на вид на пеперутка од семејството пеперуги Ластовичарки.

Латинско име[уреди | уреди извор]

Зборот „папилио“ на латински значи „пеперутка“, а зборот „махаон“ е лик од старогрчката митологија.[1]

Таксономија[уреди | уреди извор]

Пеперутката била именувана од Карл Линеаус во 1758 година, заедно со уште други 200 видови пеперутки. Подоцна Пје Андре Латреј ја класифицирал како дел од групата на Ластовичарки.[2] Papilio appalachiensis и Papilio xuthus се истиот вид.

Распространетост и статус[уреди | уреди извор]

Оваа пеперутка е присутна во целиот палеарктички регион, почнувајќи од Русија до Кина и Јапонија, (вклучувајќи ги и Хималаите и Тајван), и секаде низ Алјаска, Канада и САД. Во Азија се појавува уште јужно од Саудиска Арабија, Оман, високите планини на Јемен, Либан, Иран и Израел. Во јужна Азија се јавува во Пакистан и Кашмир, северна Индија (Сиким, до Асам и Аруначал Прадеш), Непал, Бутан и северен Мјанмар.[3]

Оваа пеперутка е широко распространета во Европа. Во Македонија доста се среќава по планините.

Бидејќи пеперугата е распространета низ цела Евроазија и често е вообичаен, таа не е загрозена како вид.[3] Таа е наведена како „ранлива“ во Јужнокорејската и Австриската книга за црвени податоци и во Црвената книга на податоци на поранешниот Советски Сојуз.[3] Во Ерменија видовите демонстрираат стабилен популациски тренд и се оценуваат како Најмала загриженост.[3]

Во некои земји, П. махаон и неговите подвидови се заштитени со закон. Видот е заштитен во Велика Британија, а подвидовите се заштитени во Индија.[3]

Животен циклус[уреди | уреди извор]

Обично има од два до три раѓања во една година.

Биолошки животен циклус на ластовичкина опашка
Пар се пари.
Гасеница која се храни
Завршена метаморфоза
Пеперуткаѕа излегива со расширени крилја.
Крилјата се зацврстуваат
Возрасна фаза.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Michael A. Salmon, Peter Marren & Basil Harley (2000). „The Swallowtail – Papilio machaon Linnaeus“. The Aurelian legacy: British butterflies and their collectors. University of California Press. стр. 252–254. ISBN 978-0-520-22963-1.
  2. E. D. Edwards, J. Newland & L. Regan (2001). „Papilionoidea: Papilionidae. Swallowtails“. Lepidoptera: Hesperioidea, Papilionoidea. Volume 31 of Zoological Catalogue of Australia. CSIRO Publishing. стр. 409–443. ISBN 978-0-643-06700-4.
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Collins, N. Mark; Morris, Michael G. (1985). Papilio (Papilio) machaon Linnaeus, 1758“. Threatened Swallowtail Butterflies of the World: The IUCN Red Data Book. Gland & Cambridge: IUCN. стр. 93–94. ISBN 978-2-88032-603-6 – преку Biodiversity Heritage Library.

Надворешни[уреди | уреди извор]