Ласе Халстрем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ласе Халстрем
Халстрем и сопругата Лена Олин на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал во 2013 година
Роден(а) Ларс Свен Халстрем
2 јуни 1946 (1946-06-02) (воз. 71 г.)
Стокхолм, Шведска
Занимање Режисер, сценарист
Активен период 1973–сè уште

Ларс СвенЛасеХалстрем (роден на 2 јуни 1946 г.) — шведски филмски режисер.

Тој најпрво станал познат по режисирањето на речиси сите музички спотови на поп групата АББА, а подоцна започнал да режира долгометражни филмови. Тој бил номиниран за Оскар за најдобар режисер за Мојот живот како куче (Mitt liv som hund) (1985) и подоцна за Животот нема правила (1999). Негови други познати режисерски дела се Што го јаде Гилберт Грејп (1993), Чоколада (2000) и Ловење лососи во Јемен (2011).

Ран живот[уреди | уреди извор]

Халстрем е роден во Стокхолм, Шведска. Неговиот татко бил стоматолог[1] а негова мајка била писателката Карин Либерг (1907–2000). Неговиот дедо од мајкина страна, Ернст Либерг, бил Министер за финансии во првиот кабинет на Карл Густаф Екман (1926–1928) и водач на Шведската либерална партија (1930–1933).

Личен живот[уреди | уреди извор]

Халстрем се венчал со водителката и глумица Малу Халстрем (починала 3 февруари 2005 г.) во 1974 година, со која имал еден син, Јоан (роден во 1976 г.). Парот се развел во 1981 година. Во 1990 година тој ја запознал глумицата Лена Олин; тие се веначале на 18 март 1994 година. Парот живее во Бедфорд, Њујорк, и одгледува две деца, Тора (родена 1995 г.) и дете од првиот брак на Лена Олин, Ф. Август Рамберг (роден 1986 г.). Тие исто така имаат дом на Стокхолмкиот архипелаг.[2][3]

Халстрем е вегетаријанец.[4]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Lasse Hallstroem Biography (1946-)“. http://www.filmreference.com/film/72/Lasse-Hallstroem.html. 
  2. Olevik, Josefin. „Så förgörs en regissör“, „Fokus“, 4 април 2011 (конс. 19 февруари 2014 г). (на Swedish)
  3. Lena Olin: Gudarna ska veta att passionen kan vara plågsam“, „Dagens Nyheter“, 23 мај 2011 (конс. 19 февруари 2014 г). (на Swedish)
  4. Randy Cordova, "Lasse talks 'Hundred Foot Journey'," The Arizona Republic, 5 август 2014.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]