Куќа Мулалиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Куќа Мулалиќ
Куќа Мулалиќ
Карта
Општи податоци
Статуснационален споменик
Видкуќа
Стилстароградска куќа
МестоДобој
ЗемјаРепублика Српска, Босна и Херцеговина
Координати44°44′05″N 18°05′03″E / 44.734755° СГШ; 18.084083° ИГД / 44.734755; 18.084083

Куќа Мулалиќ е национален споменик во Босна и Херцеговина. Се наоѓа во центарот на Добој во Република Српска. Куќата потекнува од 19 век и претставува еден од ретко сочуваните примери на градска куќа од тој период. Првобитен сопственик на куќата било семејството Ќановиќ, а кон крајот на Првата светска војна продадна е на браќата Мулалиќ чии наследници и понатаму ја користат.

Локација[уреди | уреди извор]

Куќата Мулалиќ се наоѓа во централните градски делови на Добој. Изградена е во улицата Краља Александра на број 5. Пред војната, од средината на деведесеттите години на минатиот век улицата го носела името И. Капетановиќа.[1] Во непосредна близина на куќата се наоѓа праввославната Црква Пресвето срце Исусово и џамијата на Долна мала Трњак. Први пишани траги за сопственикот на куќата потекнуваат од 1890 година, кога таа е заведена во катастарските книги.[2]

Опис на културното добро[уреди | уреди извор]

Бунар во дворот на куќата

Куќата Мулалиќ е типична градска спратна куќа со препуст. Градена е од керпич и дрво на низок камен подзид. Приземниот кат се простира на нешто повеќе од 77 квадратни метри. Има два надворешни влеза. По рекострукцијата куќата е поделена на два приближно еднакви дела и доѕидани се по една просторија во секој дел.[3] Во двата приземни дела се наоѓа ходник и дневна соба. Исто така во приземјето се сместени кујнаата и една помала соба за спиење. До првиот спрат се доаѓа со дрвени степеници. Основата на спратот е поголема од приземјето за околу 15 сантиметри од сите страни. Просториите на спратот се приближно со исти димензии и распоред како во приземјето. Фасадата на куќата е со едноставна форма. По обновата на куќата во 1996 година, надворешноста е измалтеришана и исфарбана во бело, а столаријата е заменета. Оригиналната кровна конструкција била од дрво и покриена со бибер цреп. Надоградените делови се покриени со цреп со понов изглед и модел.

Во близина на куќата се наоѓа амбар и бунар кои не се во функција. Исто така во дворот се наоѓаат повеќе помошни објекти градени во текот на втората половина на XX век. За да го испрати синот на студии по медицина во Виена, Хасиб-бег ефендија Ѓанановиќ го продал имотот на браќата Емин и Мустафа Мулалиќ.[4] Воените години од Првата и Втората светска војна значајно не влијаеле на изгледот и оштететувањето на куќата. Меѓутоа, 1934 година наследниците на куќата извршиле поделба на два одвоени дела. Новите судири ги присилиле жителите на куќата да ја напуштат во октомври 1992 година. Кон крајот на истата година, куќата делумно е оштетена при минирања на блиската црква Пресвето срце Исусово. По завршување на оружените судири во 1995 година, семејството повторно се враќа во својот дом.

Степен на заштита[уреди | уреди извор]

Комисијата за зачувување на национални споменици во Босна и Херцеговина во март 2011 година донела олука куќата на семејството Мулалиќ да се прогласи за историска градба и да се заштити како национален споменик на Босна и Херцеговина. Пред прогласувањето, куќата уживала заштита од III категорија според категоризацијата на општинскиот план на Добој.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Галерија[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

Литература[уреди | уреди извор]

  • Мухамед Кадић: Старинска сеоска кућа у Босни и Херцеговини — докторска дисертација. Београд: Архитектонски факултет у Београду, 1963.
  • Десанка Ковачевић – Којић: Градска насеља средњевјековне Босанске државе. Сарајево: Веселин Маслеша, 1978.
  • Бранко Б. Белић: Стари Добој, у слици и ријечи. Добој: Просвјета, Удружење дистрофичара Добој, 2003.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „Службени гласник“ општине Добој, број 6. Акти Скупштине општине, Одлука о проглашењу Просторног плана општине Добој 2011. године. Добој: 1. јула 1991. године, година XXVII, стр. 116.
  2. Земљишнокњижни извадак са хисторијатом за земљишне парцеле број 15/53, к.о. Добој, број з.к. улошка 134; број 15/10, к.о. Добој, број з.к. улошка 3518; број 15/9 и 15/24, к.о. Добој, број з.к. улошка 3567; (стари премјер), Нар. и Рз. бр. 2480/10 од 13.07.2010. године, издао Земљишно-књижни уред Основног суда у Добоју, Република Српска, Босна и Херцеговина.
  3. Писмено свједочење Садике Хрњадовић (рођена Мулалић), 07.06.2010. године.
  4. Некретнина је укњижена као власништво породице Мулалић неколико година касније касније, 27. новембра 1923. године - Земљишнокњижни извадак са хисторијатом за земљишне парцеле број 15/53, к.о. Добој, број з.к. улошка 134; број 15/10, к.о. Добој, број з.к. улошка 3518; број 15/9 и 15/24, к.о. Добој, број з.к. улошка 3567; (стари премјер), Нар. и Рз. бр. 2480/10 од 13.07.2010. године, издао Земљишно-књижни уред Основног суда у Добоју, Република Српска, Босна и Херцеговина.