Куче-скитник (филм од 1949)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Постер на Куче-скитник

Куче-скитник (јапонски: 野良犬, Nora inu) – јапонски филм од 1949 година, во режија на Акира Куросава. Главните улоги ги играат: Тоширо Мифуне, Такаши Шимура, Исао Кимура, Ген Шимицу, Норико Сенгоку и Кеико Аваџи.

Синопсис[уреди | уреди извор]

Мураками (го игра Мифуне) е млад детектив од одделението за убиства, кому во автобусот му го крадат службениот пиштол. Испаничен и засрамен, тој се обидува да го пронајде оружјето. За таа цел, Мураками ја следи жената присутна во автобусот, која е позната како ситен крадец. По нејзиниот совет, тој скита низ градот со намера да се поврзе со илегалните трговци на оружје. Нестрплив да си го врати пиштолот, тој избрзано апси една девојка, но од неа не може да извлече никакво признание. Тогаш, нему му помага стариот детектив Сато (го игра Шимура) кој дознава дека пиштолот се наоѓа кај криминалецот Хонда, кого полицијата успева да го уапси за време на еден натпревар во безбол. Притоа, Хонда им кажува дека пиштолот се наоѓа кај Јуса (го игра Кимура), кој веќе извршил еден вооружен грабеж, ранувајќи ја продавачката. Додека трае истрагата, Јуса извршува уште еден грабеж при што убива една жена. Со цел да ги спречат натамошните крвопролевања, Сато и Мураками започнуваат потрага по Јуса и така доаѓаат до неговата сакана девојка Харуми Намики (ја игра Аваџи), но таа не сака да соработува. Сато го дознава името на хотелот во кој е сместен Јуса и во обидот да го уапси е тешко ранет. Тогаш, Харуми му кажува на Мураками дека Јуса ѝ закажал состанок и Мураками оди на договореното место. Тој го препознава Јуса и почнува да го брка, а Јуса пука во него и го ранува во раката. Сепак, Мураками успева да го совлада Јуса.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]