Кума (река)
| Кума | |
|---|---|
Кума кај Нефтекумск, Ставрополски крај | |
![]() | |
| Изворно име | Кума (руски) |
| Местоположба | |
| Земја | Русија |
| Физички особености | |
| Извор | венец Скалисти, Кавказ |
| • место | 43°49′44″N 42°06′19″E / 43.82889°N 42.10528°E |
| Устие | Касписко Езеро |
• координати | 44°48′36″N 46°54′02″E / 44.81000°N 46.90056°E |
| Должина | 802 км |
| Големина на сливот | 33.500 км2 |
| Особености на сливот | |
| Притоки | |
| • десни | Подкумок |
Кума (руски: Кума́) — река во Северен Кавказ, јужна Русија. Тече во североисточен правец и се влева во Каспиското Езеро. Долга е 802 км и има сливна површина од 33.500 км2.[1] Извира од Голем Кавказ во Карачаево-Черкесија, западно од Кисловодск. Тече на североисток низ Ставрополскиот крај (градовите Минералние Води, Зеленокумск, Будјоновск, Нефтекумск) и потоа на исток низ Прикасписката Низина како природна граница помеѓу Калмикија и Дагестан. Овој дел од долнината на Кума го сочинува источниот дел на Кумо-маничкиот Канал, одвојувајќи ја Источноевропската Низина од Кавказот. Кума завршува во Кизљарскиот Залив на Каспиското Езеро кај границата помеѓу Дагестан и Калмикија.
Највеќето реки што течат на север од Кавкаските Планини во Терско-кумската Низина се одводнуваат во реките Кубањ и Терек. Кума извира во сливовите на овие две реки, па затоа Кума е претежно степска река. Реаката обемно се користи за наводнување.
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Река Кума во Државниот воден регистар на Русија“. textual.ru. (руски)
|
