Кукасто-боцкаст кактус
Кукасто-боцкаст кактус | |
---|---|
Научна класификација | |
Царство: | растенија |
Нерангирано: | скриеносеменици |
Нерангирано: | евдикоти |
Нерангирано: | јадрени евдикоти |
Ред: | каранфиловидни |
Семејство: | кактуси |
Потсемејство: | кактусовидни |
Племе: | кактусовидни |
Род: | ферокактуси |
Вид: | F. hamatacanthus |
Научен назив | |
Ferocactus hamatacanthus (Muel.) | |
Синоними | |
Echinocactus flexispinus Енгелман |
Кукасто-боцкастиот кактус (Ferocactus hamatacanthus) е бурест кактус од видот ферокактуси.
Распространетост
[уреди | уреди извор]Кактусот го има во Чиваванската пустина во северозападно Мексико, но и во Ново Мексико и југозападен Тексас во САД.
Опис
[уреди | уреди извор]Овој кактус е единечен и има глобуларна форма. Кактусот расте до 60 см. Овој кактус има 13 ребренца, но понекогаш може да се најдат единки и со 17 ребренца. Ребренцата се заоблени и мже да дистигнат до 3 см висина. Ареолите се големи и оддалечени од 1 до 3 см. Секоја ареола има 12 радијални боцки, долги од 5 до 7 см.Има 4 централни боцки кои се долги 15 см. Една од централните боцки е кукеста.
Цветовите на кактусот се големи и достигнуваат до 8 см. Тие се жолти. Плодовите на кактусот се округли, долги до 5 см, месести и се јадат.[1]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ N. L. Britton; J. N. Rose (1922), The Cactaceae. Descriptions and Illustrations of Plants of the Cactus Family (германски), Band III, Washington: The Carnegie Institution of Washington, стр. 145
|