Ксенија Пајчин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Роден 3 декември 1977
Белград, Србија
Починал 16 март 2010
Белград, Србија
убиство
Националност Србинка
Познат пејачка, моден дизајнер и фотомодел
Занимање пеење

Ксенија Пајчин (српски: Ксенија Пајчин, 3 декември 1977, Белград - 16 март 2010, Белград) — српска пејачка, моден дизајнер и фотомодел. [1]. Ксенија Пајчин е по родум од Босна и Херцеговина.

Својата кариера ја започнала како танчерка во дискотеки. Понатака, таа станала член на музичката група „The Duck“ и со песната „Дачо, те сакам“ (Дачо, волим те) оваа група ја забележува својата популарност. По напуштањето на групата, Ксенија ја започнува својата соло кариера и станува сопственик на училиште за танцување во Белград.

На 16 март Ксенија Пајчин трагично и мистериозно го завршува својот живот.[2] Таа била пронајдена мртва во својот стан со прострелна влезна и излезна рана во главата и до неа било нејзиното момче Филип Каписода со прострелна рана. Се верува дека се работи за убиство врз Ксенија и самоубиство од страна на Филип[3].

Дискографија[уреди | уреди извор]

Албуми[уреди | уреди извор]

  • 1997. — -„Too hot to handle“
  • 2001. — -„Еxtreme“
  • 2004. — „Сигурна“
  • 2006. — -„The best of“

Синглови[уреди | уреди извор]

  • 2007. - „Вештица“ (Вештерка)
  • 2008. - „Хајде сестро“ феат. Индира Радић (Ајде сестро со Индира Радиќ)
  • 2008. - „Пица“ (Пица)
  • 2009. - „Супица“ феат. Данијел Алибабић (Супа со Даниел Алибабиќ)
  • 2009. - „Фарса“ (Фарса)
  • 2009. - „Брка“ (Брка)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Saša Ž. Milovanović (25. 04. 2008.). „Muškarci i treba da me se plaše“. Balkanmedia. конс. 13. јануар 2010. S obzirom na to da sam rođena 3. decembra 1977. godine i da je u meni trojstvo, ova 2003. bi trebalo da bude godina u kojoj ću biti najjača. 
  2. РТС: Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронађени мртви
  3. Блиц:Ксенија Пајчин и Филип Каписода пронађени мртви 16 март 2010.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]