Краљичина плажа
Краличина плажа Краљичина плажа | |
---|---|
плажа | |
Детаљ од плажата |
Краличина плажа - плажа која се наоѓа во близина на Милочер, веднаш до Милочерската односно Кралската плажа. ОдСвети Стефан е оддалечена околу 500 метри. Се смета за една од најубавите плажи, не само во Црна Гора, туку и на целиот Медитеран. Тоа е мала плажа, долга околу 200 метри. Во внатрешноста на плажата има летна резиденција на кралот Никола, опкружена со густа борова шума, чемпрес и маслинови градини.[1]
Името на плажата
[уреди | уреди извор]Оваа плажа го добила своето име во време кога била омилена плажа на српската кралица Марија Караѓорѓевиќ.[2] Веднаш до Краличината е Кралската плажа, односно Милочерската плажа, каде што се наоѓа некогашна летна куќа на династијата Караѓорѓевиќ, денес попозната како „Вила Милочер“.[3]
Опис на плажата
[уреди | уреди извор]Прочуената Краличина плажа се наоѓа во близина на Милочер, во непосредна близина на Свети Стефан. Свртена е кон отворено море, а во внатрешноста на плажата има шума во која доминираат густи чемпреси и маслинки. Плажата е грагоровита, долга помалку од 200 метри и се наоѓа во морски залив. Морето го извајало дното на брегот, така што морето има специфична боја и дава смарагднозелен и синкав тон на водата, во која ја одразува бујната средоземна вегетација од двете страни на плажата.[2]
Историја на плажата
[уреди | уреди извор]До плажата е летната резиденција на кралот Никола,[1] а помеѓу двете светски војни во Милочер била летната резиденција на Караѓорѓевиќ. Оваа плажа била омилена на српската кралица Марија Караѓорѓевиќ. Тогаш, и спилата недалеку од плажата, опкружена со шума од чемпреси, била наречена „Краличина столица“, бидејќи на врвот од неа била поставена столица за уживање и одмор на кралицата. Од ова место има поглед кон Стариот град Будва, островот Свети Никола и полуостровот Свети Стефан.Ова е еден од најубавите видиковци на Будванската ривиера.[4]
Самиот летниковец на Караѓорѓевиќи, денес „Вила Милочер“, бил изграден во 1934 година. Се наоѓа на 32 хектари, опкружен од три страни со борови шуми и маслинови насади со повеќе од 800 стебла.[5] Опкружен е со парк со површина од 18 ха. Во паркот има голем број на ретки видови растенија кои биле донесени од целиот свет само за овој парк, така што Кралската плажата е вистинска природна изложба. Меѓу многуте егзотични видови дрвја се либанскиот кедар, тропската мимоза, јапонската мушмула, кактусите, агавата и многу други.[3]
Веќе во средината на 20 век плажата го добила епитетот „престижна“, а денес е омилена плажа на светскиот џет-сет. Некогаш била избрана да биде место на официјалната свадбена церемонија на популарниот српски тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена.[6]
Контроверзии околу сопственоста на плажата
[уреди | уреди извор]Како ексклузивни туристички дестинации, плажите околу Милочер и Свети Стефан се многу привлечни за многу инвеститори, но тоа им спречува слободен пристап на локалните жители, нивните гости и туристите кои не летуваат во изнајмени објекти, до плажите и околните паркови.[7] Црногорската јавност е незадоволна од фактот што оваа плажа повеќе не е отворена за сите гости, па денес го носи епитетот „недопирлива“.[2] Плажата е дел од комплексот што со години е даден под закуп на странски групации. На плажите од оваа групација, само гостите кои плаќаат многу скап закуп за лежалки и сонцебрани можат да се сончаат, а на Краличината само гости во хотелот во сопственост на сегашниот закупец.[8] Затоа Општина Будва ја разгледува можноста за изнајмување на овие плажи, за да можат да ги користат и локалните жители.[9]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Kraljičina plaža“. .turizzam.com. Посетено на 26 април 2020.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Kraljičina plaža: plavi dragulj Crne Gore“. Lepa & Srećna. ADRIA MEDIA GROUP. Посетено на 27 април 2020.[мртва врска]
- ↑ 3,0 3,1 „Miločerska - Kraljeva plaža“. .turizzam.com. Посетено на 26 април 2020.
- ↑ „ISTORIJA“. adriaticproperties.me. Архивирано од изворникот на 2021-08-02. Посетено на 25 април 2020.
- ↑ „VILA MILOČER“. olympic.rs. Посетено на 27 април 2020.
- ↑ „Kraljevski glamur za venčanje Novaka i Jelene: enterijeri Svetog Stefana i Miločera“. Lepa & Srećna. ADRIA MEDIA GROUP. Архивирано од изворникот на 2017-10-17. Посетено на 27 април 2020.
- ↑ „Koalicioni ugovor zapeo zbog Kraljičine plaže“. Новости. 1 октомври 2014. Посетено на 27 април 2020.
- ↑ „Na ove bisere crnogorske obale "običan smrtnik" može samo da sanja da uđe, osim ako nema 120 EVRA ZA LEŽALJKE“. Blic. 11 јуни 2018. Посетено на 27 април 2020.
- ↑ „Budva mora da zakupi plaže da bi meštani mogli da se kupaju“. N1. 16 јули 2017. Архивирано од изворникот на 2019-12-09. Посетено на 27 април 2020.
Литература
[уреди | уреди извор]- PROGRAMSKI ZADATAK ZA RASPISIVANJE JAVNOG KONKURSA URBANISTIČKO – ARHITEKTONSKOG RJEŠENJA HOTELSKOG RIZORTA MILOČER. Podgorica: Ministarstvo održivog razvoja i turizma Crne Gore. 2014.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- „Kraljičina plaža“. waytomonte.com. Архивирано од изворникот на 2021-08-02. Посетено на 26 април 2020.
- Janković, Srđan. „Slučaj "Kraljičina plaža": Zaštita javnog interesa prije investicija“. Radio Free Europe. Radio Liberty. Посетено на 27 април 2020.
- Краличина плажа