Кранска Река

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кранска Река
Арватска Река
Шара
Викиекспедиција Преспа 219.jpg
Поглед на Кранска Река низ селото Арвати
ЗемјаМакедонија Македонија
Слив
Главен изворБаба
УстиеПреспанско Езеро
Сливна повр.12,8

Кранска Река (позната и под имињата: Арватска Река или Шара) — река во Македонија, сместена на западните падини на планината Баба, југоисточно од градот Ресен.[1]

Поминува низ двете села Арвати и Крани, од каде и го добила своето име. Реката ги дели селата на два дела. На крајот се влива во Преспанското Езеро.[1]

Зафаќа сливно подрачје од 12,8 км².[1]

Воден потенцијал[уреди | уреди извор]

Уште во 1950 година на Шара (Кранска Река) била изградена хидроцентрала над селото Арвати, со што селото се здобило со електрична енергија.[2]

Денес, на Кранска Река постои мала хидроелектрана во сопственост на претпријатието „Мали хидроелектрани“ со годишно производство од 2.044 MWh.[3]

Галерија[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Петрушевски, Илија; Маркоски, Благоја (2014). Реките во Република Македонија. Скопје: Геомап. стр. 14. ISBN 978-9989-2117-6-8. https://commons.wikimedia.org/wiki/File:Реките_во_Македонија.pdf?uselang=mk. 
  2. Јовановски, Владо (2005) (на македонски). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа. стр. 38. ISBN 9789989920554. https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/f/f8/%D0%9D%D0%B0%D1%81%D0%B5%D0%BB%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%B5_%D0%B2%D0%BE_%D0%9F%D1%80%D0%B5%D1%81%D0%BF%D0%B0.pdf. посет. 17 декември 2016 г. 
  3. "Портфолио". Фероинвест (македонски). Скопје. конс. 18 декември 2016. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]