Кралството на младата месечина

Од Википедија — слободната енциклопедија

„Кралството на младата месечина“ (англиски: Moonrise Kingdom) — филм на режисерот Вес Андерсон од 2012 година. Автори на сценариото се режисерот и Роман Копола, а главните улоги ги играат: Брус Вилис (Bruce Willis), Едвард Нортон (Edward Norton), Бил Мареј (Bill Murray), Франсес Мекдорманд (Frances McDormand), Тилда Свинтон (Tilda Swinton), Џаред Гилман (Jared Gilman) и Кара Хејвард (Kara Hayward). Филмот бил номиниран за „Оскар“ за најдобро оригинално сценарио, за „Златен глобус“ за најдобар мјузикл или комедија, и за „Златната палма“ за режија на Канскиот фестивал. Покрај тоа, Би-би-си го ставил на списокот на најдобрите филмови на 21 век.[1]

Синопсис[уреди | уреди извор]

Едно дете без родители (го игра Гилман) бега од извидничкиот логор за да се најде со својата стара пријателка (ја игра Хејвард), која е наклонета кон агресивни настапи, а со која се допишува и во која е заљубен. Двајцата млади љубовници се чувствуваат отуѓени меѓу своиет врсници и бегаат на една осамена плажа. Во меѓувреме, капетанот на островската полиција (го игра Вилис) ги организира извидниците и роднините во потрага по бегалците...

Наводи[уреди | уреди извор]