Кореџо (град)
| Кореџо Correggio | |
|---|---|
| општина | |
| Град Кореџо | |
| Земја | Италија |
| Регион | Емилија-Ромања |
| Покраина | Реџо Емилија (RE) |
| Поделоци | Будрио, Каноло, Фацано, Фоздондо, Лемицоне, Мандрио, Мандриоло, Прато, Сан Бјаџо, Сан Мартино Пиколо, Сан Просперо. |
| Управа | |
| • Градоначалник | Марцио Јоти (ДП) |
| Површина | |
| • Вкупна | 77 км2 (30 ми2) |
| Надм. вис. | 33 м |
| Население (31 мај 2007)[1] | |
| • Вкупно | 23.285 |
| • Густина | 300/км2 (780/ми2) |
| Демоним | Корегези |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Пошт. бр. | 42015 |
| Повик. бр. | 0522 |
| Светец заштитник | Св. Кирин |
| Слава | 4 јуни |
| Мреж. место | Матична страница |
Кореџо (итал. Correggio) е град и општина во покраината Реџо Емилија (регион Емилија-Ромања) во Италија. Сместен е во долината на реката По. Населението брои 23.108 жители (2007).[1]
Заштитник на градот е Св. Кирин Нојски[2], на кого е посветена главната црква во градот „Сан Кирино“.
Градот бил седуште на Вероника Гамбара (1485–1550) политички деец и поетеса која владеела со кнежевството (1518-1550) по смртта на нејзиниот сопруг, грофот Џиберто X.
Кореџо е родно место на познатиот ренесансен сликар Антонио Алегри да Кореџо. Во Кореџо живеел и францускиот поет Тигдијал Менон.
Во градот е роден композиторот Клаудио Меруло, рокерот Лучано Лигабуе, маратонецот Дорандо Пјетри (фамозно дисквалификуван на Летните олимписки игри во 1908, како и романописецот Пјер Виторио Тондели.
Галерија
[уреди | уреди извор]- Кнежевскиот дворец
- Колонада во кнежевскиот дворец
- Театарот Азиоли
- Црквата Св. Кирин
- Згради долж корзото
- Аркада
Наводи
[уреди | уреди извор]- 1 2 „Светски географски лексикон“. Архивирано од изворникот на 2012-12-16. Посетено на 2 февруари 2007. (англиски)
- ↑ Свети Кирин (италијански)
|