Антонио Алегри да Кореџо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антонио да Кореџо
Antonio da Correggio
Antonio Allegri da Correggio.jpg
Портрет на Кореџо
НационалностИталијанец
Познат(а) пофрескопис, сликарство
Значајни делаОдаја на игуменката
Јупитер и Јо
Успение на Пресвета Богородица
Правецвисока ренесанса
маниризам

Антонио Алегри да Кореџо (итал. Antonio Allegri da Correggio, 30 август 1489 - 6 март 1543), познат и само како Кореџо е Италијански сликар од високата ренесанса и маниризмот, еден од творците на барокното сликарство. Сликал религиозни и митолошки теми, а важна особина на неговото сликарство е разнежената сензуалност, декоративноста и чувството за односот на светлото и темното.