Клермон-Феран (патека)
![]() Првичниот изглед на патеката долга 8.055 м Втората верзија на патеката долга 3,975 км, првпат користена во 1989 | |
Место | Сен-Жен-Шампанел, Оверњ, Франција |
---|---|
Часовен појас | СЕВ (UTC+1) СЕЛВ (ЛСВ) |
Координати | 45°44′50″N 3°02′20″E / 45.74722°N 3.03889°E |
Изградбата почнала | мај 1957 |
Отворен | 27 јули 1958 |
Главни настани | Сегашни: Фан куп (2023) Поранешни: Формула 1 Голема награда на Франција (1965, 1969–1970, 1972) Голема награда за моторцикли Мотоциклистичка Голема награда на Франција (1959–1964, 1966–1967, 1972, 1974) Светско првенство за мотоцикли со приколки (1959–1962, 1964, 1966–1967, 1972, 1974) Светско првенство за спортски автомобили (1962–1963) Француско првенство за туристички коли (1990–1991, 1994–1996, 1998–1999) Формула 750 (1973) |
современа патека (1989–до денес) | |
Должина | 3,975 км |
Кругови | 18 |
Најбрз круг | 1:43.827 (![]() |
Првична патека (1958–1988) | |
Должина | 8,055 км |
Кругови | 48 |
Најбрз круг | 2:53,900 (![]() |
Мрежно место | charade.fr |
Патека Клермон-Феран (француски: Clermont-Ferrand) — тркачка патека што се наоѓа во близина на градот Клермон-Феран (Оверњ, Франција), седиштето на Мишлен. Позната е и како „Патека на планината Оверњ“ (Circuit de Montagne d'Auvergne), „Патека Шарад“ (Charade Circuit), „Патека Луј Розје“ (Circuit Louis Rosier).
Историја
[уреди | уреди извор]Патеката била изградена во 1958 година и била домаќин на 4 Голема награда на Франција од 1965 до 1972 година. Натпреварувањата во Формула 1 биле прекинати по тешката несреќа на Гран прито во 1972 година, кога австрискиот возач Хелмут Марко го загубил окото во несреќа. Патеката потоа била домаќин на јуниорски тркачки серии и трки со мотоцикли, но и тие биле прекинати во 1988 година поради безбедносни причини. Оттогаш се користи само кратката верзија на патеката (3,8 км).
Конфигурација на патеката
[уреди | уреди извор]Патеката Клермон-Феран, расположена во планините Оверњ на падината на изгаснат вулкан, се одликува со сложен профил, голем број затворени опасни кривини и висински промени. Природата на патеката се споредува со Нирбургринг Нордшлајф. Патеката може да се класифицира како бавна (единствената права делница е долга само 900 метри), со приближна просечна брзина од околу 160 км/ч по круг.
Верзија | Должина (м) | Голема награда | Квалификациски најбрз круг |
---|---|---|---|
Најбрз круг на трка | |||
1965 | 8.055 | 4 (1965, 1969, 1970, 1972) | 2:53.4/167,231 km/h (1972, Крис Ејмон) |
2:53.9/166,800 km/h (1972, Крис Ејмон) |
Победници на Француската голема награда на патеката Клермон-Феран
[уреди | уреди извор]Сезона | # | Пилот | Конструктор | Резултати |
---|---|---|---|---|
1972 | 22 | ![]() |
Тајрел-Форд | |
1970 | 20 | ![]() |
Лотус-Форд | |
1969 | 19 | ![]() |
Матра-Форд | |
1965 | 15 | ![]() |
Лотус-Климакс |
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Official site (на француски)
- Official association site to save circuit (на француски)
- Satellite picture by Google Maps (present layout; zoom out to see the old circuit)