Прејди на содржината

Кинеска астрологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Кинескиот зодијак е заснован врз циклус од 12 години. Секоја година од тој циклус е именувана според едно животно, а секое животно има различни одлики.

Кинескиот хороскоп го користи кинескиот календар, кој е различен од оној што го користи западната астрологија.

Историја

[уреди | уреди извор]

Европејците отсекогаш биле повеќе заинтересирани за интригантната предвидувачка алатка, „Книгата на промени“ или „И Чинг“, отколку за кинеската астрологија. Релативната географска изолација на Кина го оправдува ова. Но, интересно е дека наталната астрологија се развила во Кина во времето околу преминот кон новата ера, значиво исто време кога на запад ја развиле Грците и Персијците.

Најстариот за нас познат кинески астролог е Веи Нинг, кој е роден меѓу 550 и 589 година, но речиси ништо не е познато за неговиот придонес, ниту за неговите претходници или наследници.[1]

Древните кинески астрономи ги нарекле петте најблиски планети според имињата на петте елементи:

Системот од дванаесет годишен циклус на животни бил создаден според орбитата на Јупитер. Следејќи ја орбитата на Јупитер околу Сонцето, кинеските астролози го поделиле небесниот круг на 12 делови, заокружени во 12 години.

Систем на работа

[уреди | уреди извор]

Годишниот циклус ги содржи петте елементи (дрво, оган, земја, метал и вода) во нивните јин и јанг форми. Годините односно знаците се наречени според 12-те животни: стаорец, вол, тигар, зајак, змеј, змија, коњ, коза, мајмун, петел, куче и свиња.

Комбинирањето на сето ова дава 60-годишен циклус, кој започнува со „јаншки дрвен глушец“ и завршува со „Јин Водена Свиња“. Годината која завршува со парен број е „јанг“, а со непарен е „јин“. Овој циклус тече на овој начин:

  • Ако годината заршува со 0 тоа е јаншки метал.
  • Ако годината заршува со 1 тоа е јински метал.
  • Ако годината заршува со 2 тоа е јаншка вода.
  • Ако годината заршува со 3 тоа е јинска вода.
  • Ако годината заршува со 4 тоа е јаншко дрво.
  • Ако годината заршува со 5 тоа е јинско дрво.
  • Ако годината заршува со 6 тоа е јаншки оган.
  • Ако годината заршува со 7 тоа е јински оган.
  • Ако годината заршува со 8 тоа е јаншка земја.
  • Ако годината заршува со 9 тоа е јинска земја.

Кинескиот зодијак го следи кинескиот календар, каде Нова година не е на 1 јануари како што е случај со грегоријанскиот календар. Според тоа, некој што е роден во јануари или на почетокот на февруари, според кинескиот хороскоп се смета како да е роден во претходната година.

Табела на кинеските знаци

[уреди | уреди извор]

Нареднава табела го содржи еден 60-годишен циклус, од 1924 - 2043 година.

Забелешка: Кинеските симболи во табелата за знаците се користат само во астрологијата.

 ГодинаСимболиченНебеснаЗемјенаСимболичноГодина
1924 - 1983елементстеблогранкаживотно1984 - 2043
105 фев 1924 - 23 јан 1925јаншко дрвоГлушец02 фев 1984 - 19 фев 1985
224 јан 1925 - 11 фев 1926јинско дрвоВол20 фев 1985 - 08 фев 1986
312 фев 1926 - 01 фев 1927јаншки оганТигар09 фев 1986 - 28 јан 1987
402 фев 1927 - 21 јан 1928јински оганЗајак29 јан 1987 - 16 фев 1988
522 јан 1928 - 08 фев 1929јаншка земјаЗмеј17 фев 1988 - 05 фев 1989
609 фев 1929 - 28 јан 1930јинска земјаЗмија06 фев 1989 - 26 јан 1990
729 јан 1930 - 16 фев 1931јаншки металКоњ27 јан 1990 - 14 фев 1991
817 фев 1931 - 05 фев 1932јин металКоза15 фев 1991 - 03 фев 1992
906 фев 1932 - 24 јан 1933јанг водаМајмун04 фев 1992 - 22 јан 1993
1025 јан 1933 - 13 фев 1934јин водаПетел23 јан 1993 - 09 фев 1994
1114 фев 1934 - 02 фев 1935јанг дрвоКуче10 фев 1994 - 30 јан 1995
1203 фев 1935 - 23 јан 1936јинско дрвоСвиња31 јан 1995 - 18 фев 1996
1324 јан 1936 - 10 фев 1937јаншки оганГлушец19 фев 1996 - 06 фев 1997
1411 фев 1937 - 30 јан 1938јински оганВол07 фев 1997 - 27 јан 1998
1531 јан 1938 - 18 фев 1939јаншка земјаТигар28 јан 1998 - 15 фев 1999
1619 фев 1939 - 07 фев 1940јинска земјаЗајак16 фев 1999 - 04 фев 2000
1708 фев 1940 - 26 јан 1941јаншки металЗмеј05 фев 2000 - 23 јан 2001
1827 јан 1941 - 14 фев 1942јински металЗмија24 јан 2001 - 11 фев 2002
1915 фев 1942 - 03 фев 1943јаншка водаКоњ12 фев 2002 - 31 јан 2003
2004 фев 1943 - 24 јан 1944јинска водаКоза01 фев 2003 - 21 јан 2004
2125 јан 1944 - 11 фев 1945јаншко дрвоМајмун22 јан 2004 - 08 фев 2005
2212 фев 1945 - 01 фев 1946јинско дрвоПетел09 фев 2005 - 28 јан 2006
2302 фев 1946 - 21 јан 1947јаншки оганКуче29 јан 2006 - 17 фев 2007
2422 јан 1947 - 09 фев 1948јински оганСвиња18 фев 2007 - 06 фев 2008
2510 фев 1948 - 28 јан 1949јаншка земјаГлушец07 фев 2008 - 25 јан 2009
2629 јан 1949 - 15 фев 1950јинска земјаВол26 јан 2009 - 13 фев 2010
2716 фев 1950 - 05 фев 1951јаншки металТигар14 фев 2010 - 02 фев 2011
2806 фев 1951 - 25 јан 1952јински металЗајак03 фев 2011 - 22 јан 2012
2926 јан 1952 - 13 фев 1953јаншка водаЗмеј23 јан 2012 - 09 фев 2013
3014 фев 1953 - 02 фев 1954јинска водаЗмија10 фев 2013 - 30 јан 2014
3103 фев 1954 - 23 јан 1955јаншко дрвоКоњ31 јан 2014 - 18 фев 2015
3224 јан 1955 - 10 фев 1956јинско дрвоКоза19 фев 2015 - 07 фев 2016
3311 фев 1956 - 29 јан 1957јаншки оганМајмун08 фев 2016 - 27 јан 2017
3430 јан 1957 - 17 фев 1958јински оганПетел28 јан 2017 - 18 фев 2018
3518 фев 1958 - 06 фев 1959јаншка земјаКуче19 фев 2018 - 04 фев 2019
3607 фев 1959 - 27 јан 1960јинска земјаСвиња05 фев 2019 - 24 јан 2020
3728 јан 1960 - 14 фев 1961јаншки металГлушец25 јан 2020 - 11 фев 2021
3815 фев 1961 - 04 фев 1962јински металВол12 фев 2021 - 31 јан 2022
3905 фев 1962 - 24 јан 1963јаншка водаТигар01 фев 2022 - 21 јан 2023
4025 јан 1963 - 12 фев 1964јинска водаЗајак22 јан 2023 - 09 фев 2024
4113 фев 1964 - 31 јан 1965јаншко дрвоЗмеј10 фев 2024 - 28 јан 2025
4201 фев 1965 - 20 јан 1966јинско дрвоЗмија29 јан 2025 - 16 фев 2026
4321 јан 1966 - 08 фев 1967јаншки оганКоњ17 фев 2026 - 05 фев 2027
4409 фев 1967 - 29 јан 1968јински оганКоза06 фев 2027 - 25 јан 2028
4530 јан 1968 - 15 фев 1969јаншка земјаМајмун26 јан 2028 - 12 фев 2029
4616 фев 1969 - 05 фев 1970јинска земјаПетел13 фев 2029 - 02 фев 2030
4706 фев 1970 - 25 јан 1971јаншки металКуче03 фев 2030 - 22 јан 2031
4826 јан 1971 - 14 фев 1972јински металСвиња23 јан 2031 - 10 фев 2032
4915 фев 1972 - 02 фев 1973јаншка водаГлушец11 фев 2032 - 30 јан 2033
5003 фев 1973 - 23 јан 1974јинска водаВол31 јан 2033 - 18 фев 2034
5124 јан 1974 - 10 фев 1975јаншко дрвоТигар19 фев 2034 - 07 фев 2035
5211 фев 1975 - 30 јан 1976јинско дрвоЗајак08 фев 2035 - 27 јан 2036
5331 јан 1976 - 17 фев 1977јаншки оганЗмеј28 јан 2036 - 14 фев 2037
5418 фев 1977 - 06 фев 1978јински оганЗмија15 фев 2037 - 03 фев 2038
5507 фев 1978 - 27 јан 1979јаншка земјаКоњ04 фев 2038 - 23 јан 2039
5628 јан 1979 - 15 фев 1980јинска земјаКоза24 јан 2039 - 11 фев 2040
5716 фев 1980 - 04 фев 1981јаншки металМајмун12 фев 2040 - 31 јан 2041
5805 фев 1981 - 24 јан 1982јински металПетел01 фев 2041 - 21 јан 2042
5925 јан 1982 - 12 фев 1983јаншка водаКуче22 јан 2042 - 09 фев 2043
6013 фев 1983 - 01 фев 1984јинска водаСвиња10 фев 2043 - 29 јан 2044

Петте елементи

[уреди | уреди извор]

Според теоријата на „Ву сјинг“, структурата на вселената ги одразува петте елементи. Секој елемент има серија од сложени асоцијации. Доктрината на петте фази во себе содржи два циклуса: создавање и уништување. Тоа се циклусите на балансирање, кои претставуваат јин и јанг – премин на енергијата од добро во зло.

  1. Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 31.
  • Shelly Wu. (2005). Chinese Astrology. Publisher: The Career Press, Inc. ISBN 1-56414-796-7