Исламска астрологија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Астрологија
Почетоци
Историја на астрологијата
Историја на астрономијата
Астрологија и астрономија
Традиции
Вавилонска астрологија
Арапска и персиска астрологија
Кинеска астрологија
Египетска астрологија
Хеленско-римска астрологија
Индиска астрологија
Исламска астрологија
Сидерална астрологија
Западна астрологија
Видови
Хороскоп
Натална астрологија
Годишен хороскоп
Хорарна астрологија
Мундана астрологија
Категории
Астролози
Портал:Астрологија


Оваа статија е дел од статиите Историја на астрологијата и Арапска и персиска астрологија.

Исламската астрологија (на арапски: илм-ел-нујум или илм-ел-фалак) се однесува на проучувањето на ѕвездите од страна на првите муслимани. На почеток астрологијата и астрономијата биле тесно поврзани, но подоцна се прави разлика меѓу овие две науки. Најраната семантичка дистинкција меѓу астрономијата и астрологијата ја дал персискиот астроном и астролог Абу Рејхан ел-Бируни околу 1000 година.[1]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Постојат три големи периоди во исламската астрологија: првиот во 8 и 9 век во Багдад, Каиро и Дамаск, вториот во Шпанија од 10 до 12 век, и третиот во Персија во 13 и 14 век.

Арапите направиле неколку многу важни унапредувања во астрономијата и астрологијата. Во астрологијата вовеле нови и комплицирани техники, а во астрономијата се обидувале да го подобрат системот на Птоломеј. Се знае дека калифите им подарувале на астрономите опсерватории.

Во 10 век муслиманската култура цветала во Шпанија под влијание на Маварите, Евреите и христијаните. Биле поставени опсерватории во Толедо, Севиља и Кордоба, а астрономијата, астрологијата и математиката биле под патронство на просветените владетели. Во ова време астрологијата заживеала и во Франција и Германија, така што шпанската цивилизација обезбедила перфектени извори од арпаски текстови за европските научници. Взаемното дејство меѓу христијаните и муслиманите довело до унапредување на астрологијата.

Најголемите имиња во Шпанија биле Авероес (1126-1198 г.) и неговиот современик Евреинот Маимонедес (1135-1204 г.). Авероес ја решил контрадикцијата меѓу потребата од совршени кругови и фактот дека планетите не се движат во кругови. Тој докажал дека не е важно дали птоломејскиот универзум е реален или не, туку дека е важно неговото симболично значење и неговата употреба од страна на филозофите и астролозите како клуч за разбирање на универзумот.[2]

Алфонсо X од Кастиља (1252-1284 г.) порачал да се изработат т.н. „Алфонсови табели“, коишто биле стандардни европски астрономски табели, сè до преработката од страна на Коперник во 16 век.[3]

Куранот и астрологијата[уреди | уреди извор]

Меѓу народот било раширено верувањето дека сонцето и месечината се затемнуваат кога умираат великани. Се случило така што кога синот на Мухамед, Ибраим, умрел, имало затенување на сонцето. За да го отстрани суеверието кај народот, Мухамед одржал говор во кој изјавил: „Сонцето и месечината се знаци на Алах; не се помрачуваат поради нечие раѓање или смрт.“

Со тоа Мухамед ја негирал поврзаноста меѓу движењата на планетите и настаните на Земјата. Забележано е и дека Мухамед изјавил: „Оној кој има знаење од астрологија, всушност ја познава магијата.“[4] Бидејќи магијата била забранета, оној што ја знаел астрологијата се сметал за грешен.[5]

Како и сите религии, така и исламот забранувал посетување на гатачи, и се сметале за грешни оние кои сакале да ја дознаат својата иднина. Нивните молитви нема да бидат прифатени наредните 40 дена. Меѓу гатачките вештини била сместена и астрологијата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. S. Pines (September 1964). "The Semantic Distinction between the Terms Astronomy and Astrology according to al-Biruni", Isis 55 (3), p. 343-349.
  2. Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 39.
  3. Николас Кампион: Вовед во историја на астрологијата, стр. 40.
  4. Reported by Ahmad, Abu Dawud, and Ibn Majah
  5. Nayl Al-Awtar, vol.7, p.207

Препорачана литература[уреди | уреди извор]

  • E.S. Kennedy (1962). "Ramifications of the World Year Concept in Islamic Astrology". Ithaca 26 VIII-2 IX.
  • Edward S. Kennedy (1998), Astronomy and Astrology in the Medieval Islamic World. Brookfield, VT: Ashgate.
  • Saliba, George (1994), A History of Arabic Astronomy: Planetary Theories During the Golden Age of Islam, New York University Press, ISBN 0814780237

Надворешни врски[уреди | уреди извор]