Кастањачо

Од Википедија — слободната енциклопедија

Кастањачо (локално познат и како балдино, ghirighio или патона) е обична торта со брашно од костен, обично се наоѓа во регионите Тоскана, Лигурија, Пиемонт, Емилија-Ромања, Венето[1] во Италија и на францускиот остров Корзика.[2]

Тоа е типично есенски десерт, направен од тесто од костен, вода, маслиново масло, борови ореви и суво грозје и истиот се пече. Локалните варијации може да вклучуваат други состојки, како рузмарин, кора од портокал, семки од анасон и друго сушено овошје. Постојат и варијации на дебелината на колачот, а специфичните имиња понекогаш се користат локално за да ги покажат таквите варијации. На пример, во Ливорно, кастањацио со дебелина од 3 сантиметри се нарекува „топоне“.

Кастањачо најдобро се служи со рикота, костенов мед или слатки вина како што е вин санто.

Кастањачо е типичен рурален десерт во областа Апенини, каде што костените порано биле основна храна на селските заедници. За време на економскиот раст по Втората светска војна ја изгубил улогата на главно слатко на овие простори, а сега се подготвува и продава најмногу како есенски деликатес.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Verona Sera
  2. „Tuscan Foodie“. Архивирано од изворникот на 2022-03-19. Посетено на 2023-03-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]