Прејди на содржината

Карстен Вархолм

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карстен Вархолм
Вархолм во 2017 г.
Лични податоци
Роден(а)28 февруари 1996(1996-02-28)(30 г.)
Улстејнвик, Норвешка
Висина1.87 м[1]
Тежина80 кг[1]
Спорт
Земја Норвешка
СпортАтлетика
Дисциплини400 м, 400 м со пречки
КлубАК Димна
ТренерЛеиф Олав Алнес

Карстен Вархолм (роден на 28 февруари 1996 г.) — норвешки атлетичар и олимписки шампион кој се натпреварува во спринтерските дисциплини и на трките со пречки. Во јули 2021 година, тој го соборил светскиот рекорд на Кевин Јанг стар 29 години во дисциплината 400 метри со пречки. Еден месец подоцна, на Летните олимписки игри 2020 во Токио, тој го освоил златниот медал на трката на 400 метри со пречки со време од 45.94 секунди, соборувајќи го сопствениот светски рекорд за речиси една секунда поставен претходниот месец.[2]

Вархолм исто така е двократен светски шампион, со освоени златни медали на трките на 400 метри со пречки на Светските првенства во 2017 и 2019 година, како и европски шампион од Европското првенство 2018. Тој исто така е двократен победник во Дијамантската лига. Во 2021 година тој бил прогласен за најдобар светски атлетичар на годината. Тој исто така во три наврати бил прогласен за најдобар норвешки спортист.

Лични рекорди

[уреди | уреди извор]
Дисциплина Time Date Location Notes
На отворено 100 метри10.5228 мај 2016Лилестрем, Норвешка
200 метри21.09
21.00 в
4 јуни 2016
12 јуни 2015
Флоре, Norway
Берум, Норвешка

(со помош на ветер)
300 метри32.4922 август 2018Берген, НорвешкаНационален рекорд
400 метри44.8710 јуни 2017Флоре, НорвешкаНационален рекорд
300 метри со пречки33.264 јуни 2021Осло, НорвешкаСветски најдобар резултат
400 метри со пречки45.943 август 2021Токио, ЈапонијаСветски рекорд
Во сала 60 метри6.7528 јануари 2017Флоре, Норвешка
100 метри10.4928 јануари 2017Флоре, Норвешка
200 метри20.915 февруари 2017Улстејнвик, Норвешка
400 метри45.052 март 2019Глазгов, ШкотскаЕвропски рекорд
300 метри со пречки34.2610 февруари 2018Тампере, ФинскаСветски рекорд
  1. 1 2 „EAA profile“. Европска атлетска асоцијација. Посетено на 9 август 2021.
  2. „Warholm smashes 400m hurdles world record“. BBC. 3 август 2021. Посетено на 3 август 2021.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]