Кале Кршевица

Координати: 42°26′36″N 21°51′37″E / 42.44333° СГШ; 21.86028° ИГД / 42.44333; 21.86028
Од Википедија — слободната енциклопедија
Кале Кршевица
Кале Кршевица is located in Србија
Кале Кршевица
Местоположба во Србија
Координати: 42°26′36″N 21°51′37″E / 42.44333° СГШ; 21.86028° ИГД / 42.44333; 21.86028
Часовен појасСредноевропски (UTC+1)

Кале Kpшевицадревномакедонско археолошко наоѓалиште коешто се наоѓа во близина на Бујановац и Врање, на југ од Ристовац во јужна Србија и зафаќа површина од повеќе од 4 хектари. Има историја назад до 13 век п.н.е. и претставува акропола (населба изградена на ритче или висорамнина) со примеси на елинистичко-средоземен стил од 5 и 4 век п.н.е. (бронзено доба), со камени ѕидови и некропола (плац за гробишта). Во градот имало најмалку 3.000 жители во 4 и 3 век п.н.е.

На наоѓалиштето се најдени монети на Филип II, Александар III Македонски, Касандар, Деметер Полиокрит и Пелагија Антиохиска, ископини врз чијашто основа и може да се смета за најсеверниот древно-македонски град.[1][2][3] Д-р Петар Поповиќ од Институтот за археологија во Белград вели дека тоа би можело да биде древниот град Дамастион. Градот е основан од пајонското племе Агријани, а се верува дека е разурнат од келтското племе Скордисци, во 279 г. п.н.е. На падините на висорамнината каде што се наоѓало гратчето, денес има село каде што куќите во својата градба содржат камени блокови од древната населба.

Градот имал исклучително стратешка позиција бидејќи се наоѓа на висорамнина со поглед према реката Јужна Морава и Врањската долина. Неговата акропола и периферијата опфаќаат 4 хектари и се протегаат до долината на Kршевичкa река.

Ископини[уреди | уреди извор]

Првите потфати на археолошки план датираат од 1966 година. Обработени се само 6% од целокупната површина, а истражувањата се во тек, како заеднички проект на Белградскиот археолошки институт, Националниот музеј на Србија, Врањскиот национален музеј и Филозофскиот факултет во Белград.

Од наодите најзначајни се керамиката од Железното време (1200 п.н.е.)[4], остатоците од аквадукт и слични градби и 25-те ретки златни монети од времето на Филип II и Александар III Македонски, во вредност од по 50.000 € секојa. Идентични наоди од керамика има и во Церница (Романија), Гадимље, Ораовица (Радовишко) и во Скопскиот Басен.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]