Ијан Сомерхолдер

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ијан Сомерхолдер
Сомерходер во 2013 година
Роден(а) Ијан Џозеф Сомерхолдер
8 декември 1978 (1978-12-08) (воз. 39 г.)
Кавингтон, Луизијана, САД
Занимање
  • Глумец
  • модел
Активен период 1997–сè уште
Сопружник Ники Рид (в. 2015)

Ијан Џозеф Сомерхолдер (роден на 8 декември 1987 г.)[1] — американски актер и модел, најпознат по улогата на Буни Карлајл во серијата Изгубени и Дејмон Салваторе во натприродната драмска серија Вампирски дневници.

Биографија[уреди | уреди извор]

Сaмерхолдер е роден и израснат во Кавингтон, Луизијана, син на Една, физиотерапевт, и Роберт Сомерхолдер, независен градежен претприемач.[2] Тој е второ родено дете во семејството, и има постар брат, Роберт, и помлада сестра, Робин.[3] Како католик, тој го посетувал приватното католичко училиште во Кавингтон. На возраст од 10 до 13 години, тој започнал да се занимава со манекенство,[4] а на 17 години се впуштил во актерските води.

Кариера[уреди | уреди извор]

Пол Весли, Нина Добрев и Ијан Сомерхолдер

Летото 2000 година, Сомерхолдер глумел во краткотрајната серија Млади американци. Тој го глумел Хамилтон Флеминг, син на деканот на едно престижно училиште. Во 2002 година, тој го глумел бисексуалецот Пол Дентон во филмската адаптација на Роџер Ејвери, Правила за привлекување заснована на истоимениот роман на Брет Истон Елис', заедно со Џејмс ван дер Бик, Шенин Сосамон, и Џесика Бил.

Во 2004, Сомерхолдер успешно се пробил на филмската сцена со улогата на Буни Карлајл во хит серијата Изгубени. Сепак, и покрај смртта на неговиот лик во дванаесеттата епизода од првата сезона, тој повторно се појавува во улогата на Буни во уште седум епизоди во периодот помеѓу 2005 и 2010 година, вклучувајќи ја и последната епизода од серијата. Сомерхолдер бил првиот актер кој бил ангажиран за серијата, а воедно и првиот лик кој умира.

Во 2009 година, Сомерхолдер се појавил во филмот Турнир на убијци каде игра улога на убиец кој учествува во смртоносен натпревар со други убијци.

Во јуни, истата 2009 година, Сомерхолдер добил улога на вампир Дејмон Салваторе во серијата Вампирски дневници. Премиерата на оваа серија, привлекла најголемо внимание од сите серии кои биле емитувани дотогаш, од основањето на оваа телевизија, во 2006 година. Серијата останала највисоко рангираната серија на овој канал, со што изведбата на Сомерхолдер, исто како и шоуто, добиле многу позитивни критики.

Во октомври 2012 година било објавено дека Сомерхолдер ќе се појави во филмот Ограничени со време, кој започнал со снимање во Лос Анџелес.[5]

Филантропија[уреди | уреди извор]

Сомерхолдер учествувал во расчистувањето на нафтената платформа Дипвотер Харајзон по изливањето на нафта, која предизвикала една од најголемите еколошки катастрофи во историјата на САД, на 22 април 2010 година. Тој помагал околу оштетениот животински свет, и воедно ја известувал пошироката јавност на кои начини можат да помогнат.[6] Сомерхолдер исто така го поддржува и хуманото општество Сент Темени, кое всушност е организација за засолнување и грижа за животните. На 13 ноември 2010 година, тој организирал добротворна акција за оваа организација. Во текот на настанот, Сомерхолдер ја претставил донацијата од 11.100 долари од љубителите на Вампирски дневници .

Сомерхолдер, заедно со своите колеги од Вампирски дневници, Кендис Акола и Мајкл Тревино, го поддржува интернет проектот It Gets Better, чија цел е да се спречи самоубиството кај лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, кој е поврзан со американската организација Проект Тревор.[7]

Преку Твитер и неколку негови интервјуа, Сомерхолдер изјавил дека ќе ја основа Фондацијата Ијан Сомерхолдер (која започнала со работа на 8 декември 2010 година, на неговиот 32. роденден), за која тој се надева дека ќе им помогне на луѓето да разберат колку е важно да се заштити средината и животните. Тој изјавил: „Наместо подароци, мојата роденденска желба оваа година е да се здружиме и сите заедно да собереме средства за да ги поддржиме проектите кои се организираат за заштита на нашето место на живеење и грижа за животните – нашите пријатели прикриени со крзно.“.[8][9]

Личен живот[уреди | уреди извор]

Сомерхолдер бил во врска со колешката од Вампирски дневници, Нина Добрев, од 2010 до 2013 година.[10] Во средината на 2014 година, Сомерхолдер започнал врска со глумицата Ники Рид.[11] Тие ја потврдиле нивната веридба во февруари 2015 година,[12] и се венчале на 26 април 2015 година во Малибу, Калифорнија.[13]

Филмографија[уреди | уреди извор]

Филм
Година Наслов Улога Забелешки
1998 Celebrity Unconfirmed Uncredited
2001 Мојата куќа од соништата Џош
2002 Замена на срца Џејсон Кели
2002 Правила за привлекување Пол Дентон
2004 Во рацете на непријателот Дени Милер
2004 Старецот и неговото студио Мет Краток филм
2006 Пулс Декстер
2006 The Sensation of Sight Дрифтер
2008 Изгубениот Самарјанин Вилијам Арчер
2009 Будење Тајлер
2009 Турнир на убијци Мајлс Слејд
2010 Како да водиш љубов со жена Даниел Мелцер
2013 Фатени на дело Офицер Луис
2013 Ограничени со време Агент Блек Краток филм
2014 Аномалија Харкин Лангам
Телевизија
Година Наслов Улога Забелешки
1997 The Big Easy I.Q. 1 episode: "The Black Bag"
1999 Сега, но и повторно Брајан 1 епизода: Животот на една девојка"
2000 Млади американци Хамилтон Флеминг Главна улога; глуми во сите 8 епизоди
2001 Анатомија на криминалот од омраза Расел Хендерсон ТВ филм
2002 Истрага на местото на злосторството Тони дел Нагро 1 епизода: "Одмаздата најдобро се сервира ладна"
2002 Закон и ред: Оддел за жртви Чарли Бејкер 1 епизода"
2003 Истрага на местото на злосторството: Мајами Рики Мурдок 1 епизода: "Најдобрата одбрана" петтата епизода од втората сезона.
2004 Бестрашни Џордан Грејси Непродаден ТВ пилот
2004 Смолвил Адам Најт 6 епизоди (Трета сезона)
2007 Марко Поло Марко Поло ТВ филм
2007 Кажи ми дека ме сакаш Ник 6 епизоди
2008 Крадците од изгубениот град Џек Кубијак ТВ филм
2009 Огнена топка Ли Купер ТВ филм
2004–2010 Изгубени Буни Карлајл Главна улога; 30 епизоди
2009–сеуште Вампирски дневници Дејмон Салваторе Главна улога

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Ian Somerhalder Biography“. TVGuide.com. http://www.tvguide.com/celebrities/ian-somerhalder/154274. посет. 9 мај 2013 г. 
  2. Knutzen, Eirik. „TV Close-Up: Ian Somerhalder“, Bend Weekly, 25 мај 2007 (посет. 20 ноември 2010 г).
  3. „Ten Things About... Ian Somerhalder“. Digital Spy. http://www.digitalspy.com/celebrity/s62/vampire-diaries/news/a409613/ten-things-about-ian-somerhalder.html. посет. 6 февруари 2015 г. 
  4. Interview with Jay Leno, The Tonight Show, 2010-12-02.
  5. Rahbar, Sabba (22 октомври 2012). „Ian Somerhalder Kicks Some Major Ass On The Set Of His New Film "Time Framed"“. CELEBUZZ!. http://socialitelife.com/ian-somerhalder-kicks-some-major-ass-on-the-set-of-his-new-film-time-framed-photos-10-2012. посет. 26 октомври 2012 г. 
  6. „'Vampire Diaries' Star Ian Somerhalder Comes Home To New Orleans To Help Wildlife Affected By Oil Spill“. Abc26.com. 6 мај 2010. http://www.abc26.com/news/local/wgno-news-ian-somerhalder-wildlife,0,7327924.story. посет. 12 март 2011 г. 
  7. „The Trevor Project – It Gets Better!“. YouTube. http://www.youtube.com/watch?v=r4LtB0dV_U0. посет. 12 март 2011 г. 
  8. „Ian Somerhalder Foundation“. Isfoundation.com. http://www.isfoundation.com. посет. 12 март 2011 г. 
  9. Vee (2010-11-16). "Exclusive: Ian Somerhalder Set to Launch His Foundation, Explains How You Can Help", vampire-diaries.net.
  10. A stake to the heart: The Vampire Diaries co-stars Nina Dobrev and Ian Somerhalder 'split after three years together'“.
  11. Jordan, Julie. „Nikki Reed Says She and Ian Somerhalder 'Have Such an Amazing Future Ahead of Us'“, „People“, 23 јануари 2015 (посет. 23 јануари 2015 г).
  12. Nelson, Jeff. „Nikki Reed on her huge engagement ring: 'I look at it every day and say wow'“, „People“, 20 февруари 2015 (посет. 21 февруари 2015 г).
  13. Ehrich Dowd, Kathy. „Ian Somerhalder and Nikki Reed Are Married!“, „People“, 27 април 2015 (посет. 27 април 2015 г).

Надворешни врски[уреди | уреди извор]