Исламот во Естонија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Естонија има една од најмалите муслимански заедници во Европа. Според пописот од 2011 година, бројот на мујслимани кои живееле во земјата бил 1,508. Поради малиот број на муслимански верници во земјата нема џамии, а во отсуство на џамија Исламскиот културен центар Турат служи како центар на обожување.

Историја[уреди | уреди извор]

Првите муслимани во Естонија биле сунитските Татари и шиитските Азери кои биле ослободени од воената служба во руската армија откако Естонија и Ливонија биле освоени од Руското Царство во 1721 година. Најголемиот дел од муслиманите емигрирале во Естонија за време на Советската окупација на Естонија помеѓу 1940 и 1991 година.

Од 1860 година, татарската заедница започнала да покажува активност, а центарот бил градот Нарва. Едно муслиманско собрание (Нарва Мухамеди Когудус) било регистрирано по независната на Република Естонија во 1928 година и второто (Талинна Мухамеди Усуихинг) во Талин во 1939 година. Куќата изградена со средства добиени како донации била претворена во џамија во Нарва. Во 1940 година, советските власти ги забраниле двете собранија, а зградите на собранијата биле уништени за време на Втората светска војна (во 1944 година).

Во Естонија денес нема џамии. Во Талин еден стан е адаптиран за молитвени цели[2]. Муслиманската заедница во Естонија е политички умерена и невообичаено во глобален контекст, се обединети сунитите и шиитите[3].

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]