Ирско виски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шишиња ирско виски.

Ирско виски — жесток алкохолен пијалaк кој се добива со дестилирање житарици, со потекло од Ирска.

Се прави од слад од житарици, вода и квасец. За разлика од шкотското виски, ова се дестилира трипати, а шкотското виски двапати.

Дестилацијата се врши само во традиционални услови во количини до 750 хектолитри. Ирското виски има боја на карамела и се разредува со дестилирана вода за да се добие пијалак со алкохол до 40%. Пред разредување, процентот на алкохол е околу 90%. Ирското виски старее во буриња најмалку 3 години, по можност до 10, па дури и 15 години.

Има посладок и помек вкус од шкотското виски и многу помалку ја менува аромата при стареењето.

Често, постарото ирско виски се користи за производство на сладок ирски ликер (мешавина од мед, билки и други алкохолни пијалаци).